Thursday, February 6, 2025
9.8 C
Skopje

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ АПЕЛОТ ЗА ПОМОШ ЗА ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ НА ПРИЛЕПСКИОТ УМЕТНИК И КУЛТУРЕН АМБАСАДОР ЗЛАТКО КРСТЕВСКИ

Како што е пренесено во медиумите како и на ,,Народен Глас” прилепскиот амбасадор во уметноста, Златко Крстевски има прилично отежнати услови за живот.

Живее сам во станбен објект на кој му е потребна целосна реконструкција, почнувајќи од подот, sидовите (би било добро доколку може некој да ги среди и sидовите) потребен му е целосен кујнски прибор како на пример прибор за јадење, шпорет, кујнско лавабо, соодветна дограма, греење (по можност клима една до две) зависно од можностите на фирмите донации и исто така потребни му се соодветни лекарски прегледи.

Од мои информации Златко користи лекарства против коагулација на крвта, или поточно користи Синтром со што пожелно е да се изврши и лекарски преглед на неговото здравје.

Околу исхраната пожелно е да јади течна храна бидејќи долги години јади само сува храна а тоа е секако лошо за неговиот организам, храна од типот на леќа, течен грав, супа по можност кокошкина поради зимските услови, домашни манџи доколку е можност зготвени од дома или по кетергинг службите и се што вклучува течна и добро зготвена храна бидејќи Златко не јадел одамна здрава и течна храна а тоа му е најмногу потребно заедно со лекарскиот преглед поради неговото здравје.

Потребни се хумани гестови на поединци кои ќе му помогнат и со неговиот стар мебел, или тоа што останало од него, зголемување на хигиенските услови, топла облека која вклучува секако и обувки бидејќи се што има од обувки се стари излитени чевли налик од 2-ра светска војна со тешка гума и кожа кои ги носи зимо и лето.

Златко е исклучително тешко да го најдете на мобилен телефон бидејќи користи многу стар телефон и едвај се гледа на дисплејот пропуштени повици а и ретко го носи со себе кога пешачи, па од тука препорачливо е тоа да го направите во неговиот дом кој се наоѓа во зградата кај поранешно ,,ПАНО” или ,,Патата” на ул. ,,Димо Наредникот”.

Полесно ќе го најдете во неговиот дом бидејќи Златко често е во движење за да се згрее и поради терапијата за срце по шема која ја прима мора да движи но и да се згрее бидејќи дома нема грејно тело со оглед дека веќе прозорци нема и користи стари иверици за заштита од сонце или обилните врнежи на снег и студени ветрови во минусни температури.

Пишува : Рубин Иваноски, главен и одговорен уредник напорталот ,,Народен Глас”.

Околу дополнителни информации лица за контакт се Гоце Бојкоски, вработен во Општина Прилеп, Дарко Штаргоски новинар и уредник на Инфокомпас и Рубин Иваноски уредник на порталот ,,Народен Глас”

Видео : Инфокомпас

ОВАА НЕДЕЛА

ОЈО: СОПРУГАТА НА ПЕЦЕ МИРЧЕСКИ КОРИСТЕЛА ВОЗИЛА СО ШОФЕР ОД ФИРМА СО КОЈА ТОЈ СКЛУЧУВАЛ ТЕНДЕРИ

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно...

ОБЈАВЕН ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА 47 ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ

Советот на јавни обвинители објави оглас за избор на...

ТЕПАЧКА МЕЃУ ДВАЈЦА ДОКТОРИ ВО ОПЕРАЦИОНА САЛА ВО КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО ШТИП

Секторот за внатрешни работи во Штип информираше за пријава...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ