ДОНАЦИЈА ОД ЧЕШКАТА РЕПУБЛИКА : НОВИ ВОЗИЛА ЗА ОДДЕЛОТ ЗА ОРГАНИЗИРАН И СЕРИОЗЕН КРИМИНАЛ

0
296

Чешка донација од нови возила за Одделот за организиран и сериозен криминал, продолжуваме со одличната соработка и во наредниот период.

Денеска, заменик министерот за внатрешни работи на Република Чешка Јиржи Новачек ја врачи донацијата на возилата, кои се набавени по пат на спроведување на постапка за јавна набавка на возила, а со наменски добиени средства со донација од страна на Република Чешка, при што се набавени неколку видови на возила за потребните на разни служби во МВР.

За Одделот за организиран и сериозен криминал се набавени осум возила „шкода октавија“ (дизел) и пет возила „шкода скала“ (бензин), сите со Еуро 6 мотор со јачина од 115 коњски сили и потрошувачка помалку од 4 литри гориво на 100 километри, опремени со високо ниво на додатна опрема, што гарантира високо ниво на безбедност на службениците кои ќе ги користат на разни задачи.

Возилата од денес ќе бидат во функција со цел зголемена оперативност на Одделот.

Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.