ДОМ: Промоција на Зелената програма во Штип и Пробиштип

0
420

Членови на ДОМ со претседателката Лилјана Поповска остварија средби со граѓани во Штип и Пробиштип.

Разговарано беше за проблемите со кој се среќаваат сопствениците и вработените во приватниот сектор, особено во малите и средни претпријатија нагласена беше потребата од доследно почитување на законите од страна на трудовата и пазарната инспекција, како и работничките права.

Во разговорите ДОМ ги истакна неискористените можности за отворање илјадници нови зелени работни места во турзимот, производство и преработка на здрава храна и обновливи извори на енергија.

Ова е дел од Зелената програма на ДОМ.