ДОМ за најавите од ЕУ и САД: Зошто камшик по сите, поради грев на поединци?

0
551

„ДОМ изразува длабока загриженост поради најавите од претставници на ЕУ и САД  дека на Република Македонија ќе и се воведат санкции со одземање на препораката за членство во ЕУ и безвизниот режим, стопирање на финансиската помош преку европски фондови и Светска банка и ред други казни.

Тоа не само што не води кон решение на политичката криза, туку ќе значи неправда кон македонските граѓани. Зошто камшик по сите, поради грев на поединци? Граѓаните бараат правда, а ќе добијат неправда! Овие санкции би биле само шематско „решение“ по книга. Македонија не е една страница во нечија книга, таа е жив организам, тродимензионална сложувалка во сите бои на виножитото! Затоа во оваа демократска борба толку и прилега „шарената револуција“!

ДОМ е уверен дека санкциите што би ги засегнале сите граѓани, ќе одат во прилог на власта, зашто опозицијата ќе биде „докажан“ виновник за несреќата што ја снашла земјата! Ова ќе биде можност за уште една во низата манипулации со чувствата на граѓаните. А се манипулира страотно, се води психолошка војна со јасно исцртани линии и тези, пласирани преку најсовршената пропагандна машинерија што некогаш постоела во Македонија.

Почна со пребројување кој е наш, кој е „туѓ“, „туѓиот“ се прогласи за непријател, се изгради приказна за планот за уништување на  државата, се покажа со прст кон „соработниците“ од внатре и од надвор, се повика на спас на Македонија! Во меѓувреме течат техничките подготовки за „спасот“: преземање на командата во МВР, мобилизирање на паравоените групации во земјава и регионот, „легализирање“ на скандалозниот избирачки список преку дел од ДИК, дополнително „билдање“ со уште 5.000 фантомски гласачи (наместо ревидирање на 330.000 спорни, констатирано со консензус пред еден месец!), повик за забрана на партии и граѓански организации и многу други институционални чекори за тотална контрола над се што живее и постои во земјава. Сето тоа забрзано, да се влета во избори на 5 јуни, кои за секој нормален и неподмитен човек – не се спремени за да бидат слободни, фер и демократски!

Во сите овие потфати на власта за спас на државата, ни збор за вистинските причини за кризата, за откриениот криминал, корупција, фалсификување, уцени, притисоци, одмазди и што се не… Ни збор за скандалозната аболиција на Иванов која ги крена на нозе и ги сплоти граѓаните од разни идеолошки и етнички бои.

ДОМ апелира до претставниците од меѓународната заедница да не преземаат  неселективни санкции кои ќе ги засегнат недолжните граѓани. Наместо тоа, да ја помогнат борбата на демократските сили здружени околу Платформата за демократска Македонија, за да дојдеме до демократски избори. За таа цел се неопходни:

– повлекување на аболицијата на Иванов;

– свикување седница на Собранието за одложување на изборите;

– бришење на констатираните непостоечки гласачи од страна на ДИК;

– распишување избори во најбрз реален рок на датум кога ќе