Saturday, July 12, 2025
24.8 C
Skopje

ДОМАР ВО ГИМНАЗИЈА ВО САНСКИ МОСТ ПУКАШЕ И УБИ ТРИ ЛИЦА ВО УЧИЛИШТЕТО

Во средно училиште во Сански Мост во Босна и Херцеговина се случи масакр. Полицијата потврди дека во нападот се убиени директорот на училиштето, секретарка и една професорка. Тројниот убиец бил домар во училиштето, а неговите жртви биле вработени со кои од порано бил во конфликт.

Домарот на училиштето со автоматска пушка ги убил директорот на гимназијата Нијаз Халиловиќ, професорката по англиски јазик Гордана Миџан и училишната секретарка Нисвета Кљуниќ.

Против домарот и претходно се водела дисциплинска постапка и тој утринава нешто после десет часот, според неофицијални информации, тргнал во потрага, барајќи ги лицата кои биле во тие дисциплински комисии и пукал во нив. Според неофицијални информации тој имал и психички проблеми.

По тројното убиство, чуварот се застрелал со намера да се самоубие, но преживеал и се здобил со тешки физички повреди. Тој е префрлен во болница во Бања Лука и е свесен и се очекува да закрепне.

Во моментот кога е извршено злосторството имало и ученици, но никој од нив не е повреден, потврдија во текот на денот локалните власти.

Ахмед Козлица, директор на полициската управа на Унско-санска жупанија, за новинарите изјави дека помал број ученици биле на училиште бидејќи во тек биле поправни испити.

Тој објасни дека училишниот комплекс се состои од две поврзани згради, така што учениците можеле да преминат од едната во другата и на тој начин веројатно да побараат заштита кога го слушнале пукањето.

ОВАА НЕДЕЛА

ТАТКО ОД ДЕБАР ЈА ПРИСИЛИЛ СВОЈАТА МАЛОЛЕТНА ЌЕРКА ДА ПИТА ПО УЛИЦИ, МВР ГО УАПСИ

Триесетгодишниот маж се сомничи дека го сторил казненото дело...

АМЕРИКА НА КРСТОПАТ: КРАЈ НА ФЛЕРТОТ МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН?

Доналд Трамп имаше два бурни „разводи“ во изминатиот месец....

ВИСАР ГАНИУ ГО ОСУДИ НАПАДОТ ВРЗ АРСОВСКА „НИКОЈ ОД ОПШТИНА ЧАИР НЕ Е ИНВОЛВИРАН“

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу го осуди нападот...

СПОРЕД ЦУК ВКУПНО 32 ПОЖАРИ БЕСНЕАТ ВО МАКЕДОНИЈА

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30...

ЛИШЕНО ОД СЛОБОДА ЛИЦЕ КОЕ ПРЕДИЗВИКУВА ПОЖАР ВО СКОПСКО ОГЊАНЦИ

Денеска (11.07.2025) полициски службеници од СВР Скопје во 18.30...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ