Thursday, May 15, 2025
17.1 C
Skopje

ДОКУМЕНТ – МИТЕВА СО КОНКРЕТЕН ПРЕДЛОГ ДО СЛАВЈАНКА ЗА ЗАКОНОТ ЗА БРАНИТЕЛИ : ПОТПИШЕТЕ ГО ПРЕДЛОГОТ ЗА ИЛИРЕ ДАУТИ ДА СВИКА СЕДНИЦА ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА, АКО НЕ СВИКА ИМАТЕ МОЖНОСТ ДА И ПОДНЕСЕТЕ ИНТЕРПЕЛАЦИЈА

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието, во дебата на Канал 5 во емисијата “Само вистина” со Славјанка Петровска од СДС укажа на лицемерието на опозицијата во однос на прашањето со бранителите.
Митева и предаде предлог барање на Славјанка Петровска, потпишано од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ членови на комисијата за социјална политика, демографија и млади, а со цел Илире Даути да свика комисија за ставање на законот во скратена постапка. Барањето е со единствена цел Илире Даути да свика седница со точка на дневен ред за предлог на закон за изменување и дополнување на законот за посебни права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства по скратена постапка поднесен од Славјанка Петровска.
„Еве ги пратениците од ВМРО-ДПМНЕ членови на комисијата попишани. Ќе ви го дадам листот однесете го во СДС каде членови се Јованка Тренчевска и Фатмир Битиќи и нека се потпишат”, укажа Митева.
Митева продолжи и додаде:
„Ако не свика седница имате две можности и тоа. До комисија за избори и именувања да поднесете предлог за разрешување на претседателката каде јас сум член и ќе ви дадам поддршка или да поднесете интерпелација”.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

КОШТА: НЕМА ПЛАН ,,Б”, ИСПОЛНЕТЕ ГО ОНА ШТО Е ДОГОВОРЕНО

Европската унија очекува Северна Македонија да го исполни договореното за да...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ