ДОКТОР ЛАЗАРОВ : Ракавиците се за еднократна употреба, не да пазарите и шетате со нив цел ден – Ќе ги разболите за брзо сите лекари, а потоа Исус, Алах, Буда итн. нека ви се на помош!

0
691

Цивили по улица НЕ ТРЕБА ДА НОСАТ НИТУ ЛАТЕКСНИ НИТУ НИТРИЛНИ РАКАВИЦИ, веднаш да се забрани, дури и да се казнува! Свесни ли сте која дисеминација правите со тие ракавици што ги носите со часови?

Тоа се ракавици за еднократна употреба, ЕДНОКРАТНА! Не да пазариш и да шеташ со нив цел ден, насекаде! Маските што скоро сите несоодветно ги носиите и манипулирате, ги допирате со истите тие ракавици, катастрофа!

Не миете раце заради лажно и апсурдно чувство на сигурност кое самото носење ви го дава, а второ затоа што не се мијат раце со ракавици на нив! Тоа ќе не чини животи!

Едноставна е препораката, мијте раце често дури и „компулсивно“, задолжително по било каков надворешен контакт! Не го допирајте лицето, особено не носот, очите и устата, барем трудете се што помалку! Оние кои кашлаат и киваат, првенствено седете дома, никој од нас не знае дали е инфициран или не, никој!

Препорачувам да броите колку пати миете раце во текот на денот, како стимуација.
Пример, во 8 часовно работно време, барем 16 пати, ако имате контакт со повеќе различни предмети, соодветно повеќе.

Гледав тв по неколку дена апстиненција, интервјуираа луѓе, СИТЕ ДО ЕДЕН, вклучувајќи го и новинарот, со ркавиците ги допираа маските и лицето. Одвратно. Катастрофално. Разочарувачки. Ќе ги разболите за брзо сите лекари, а потоа Исус, Алах, Буда и тн. нека ви се на помош!

Фејсбук статус на д-р Ненад Лазаров