ДОКТОРОТ ЈОВАНОСКИ ПРОМОВИРА НЕКОЛКУ ЕКО ПРОЕКТИ И АКТИВНОСТИ КАКО ЕКОЛОШКИ ПРИЛЕП ЗА ВРЕМЕ ИЗМИНАТИ ТРИ ГОДИНИ КАКО ГРАДОНАЧАЛНИК

0
304

♻️ На Меѓународниот ден на енергетската ефикасност – 5 Март, дозволете да напоменам само дел од проектите и активностите кои ги презедовме во изминатите три години, во рамки на Програмата за енергетска ефикасност, а со цел да ја заштитиме животната средина и да го намалиме аерозагадувањето во општина Прилеп.
✅ Поставивме фотоволатични панели на покривите од Градскиот пазар и Дневниот центар за лица со церебрална парализа.
✅ Во изминатите три години извршивме реконструкција на покриви, замена на старата дотраена дограма со нова ПВЦ, во повеќе објекти од основните и средните училишта, како и во детските градинки во општината и Домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“
✅ Набавивме и ставивме во фукција 4 автобуси на метан. Тоа се нови еколошки автобуси, со кои обезбедуваме посигурен и побезбеден превоз и ја штитиме животната средина.
✅ Субвенциониравме набавка на околу 300 клима уред-инвертори и околу 300 велосипеди за граѓаните, во изминатата 2020 година.
✅ За тековната 2021 година издвоивме средства во износ од 6.5 милиони денари за набавка на инвертор клими за греење на домаќинствата, електрични велосипеди, електрични мопеди и моторцикли,
✅ Во 2021 година ќе ја субвенционираме и замената на азбестни табли од покривните конструкции на згради, со енергетски штедливи и еколошки одржливи материјали.
✅ Членовите на општинскиот Совет изгласаа Одлука за донесување
урбанистички план за вон населено место за изградба на Е2-комунална супраструктура – градби за производство на енергија термоелектроцентрала на биогас.
✅ Општина Прилеп е една од ретките општини во државата која има донесено Програма за енергетска ефикасност.

#ЗаЕколошкиПрилеп

Фејсбук статус на градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.