ДОКТОРОТ И НА 35 СТЕПЕНИ ЖЕШКО СОНЦЕ СИ РАБОТИ – ЈОВАНОСКИ: ПРОДОЛЖУВА ГРАДЕЖНАТА ОФАНЗИВА НИЗ ПРИЛЕП НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ, САНАЦИЈА НА ОШТЕТЕНИ УЛИЦИ, АСФАЛТИРАЊА, РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЛОКАЛНИТЕ ПАТИШТА И ДРУГИ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ

0
269

• Започна реконструкцијата на дел од улицата „Мице Козар“ во должина од 300 метра. Станува збор за една од најфреквентните и најоштетените улици во градот, по која се движат и тешки товарни возила.

• Градежните активности на оваа улица ќе бидат завршени во следните петнаесетина денови, со што значително ќе биде подобрена безбедноста за сите учесници во сообраќајот на оваа улица.

• Општина Прилеп продолжува со реконструкција и рехабилитација на повеќе улици во градот. Во текот на следната недела ќе започне асфалтирањето на кејовите „9. Септември“ и „1.Мај“, а со забрзано темпо продолжуваат и активностите за изградба на улицата „Целе Мавроски“.

• При крај е поставувањето на бекатон плочки на тротоарите од двете страни на улицата „Тризла“, а од понеделник започнува и комплетната реконструкција на улицата „Трајко Николоски“, на потегот од од новиот мост кај „Сточен пазар“, до улицата „Александар Македонски“.

• Она што можам да го кажам, е дека до крајот на градежната сезона ќе бидат реконструирани, рехабилитирани и изградени сите улици кои беа предвидени во Програмата на општина Прилеп за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за тековната 2021 година.