Monday, December 2, 2024
3.8 C
Skopje

ДОКТОРИТЕ ВО МАЛИТЕ МЕСТА ЌЕ МОЖАТ СЛЕДНИТЕ ДВЕ ГОДИНИ ДА РАБОТАТ БЕЗ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ, ВЕЛАТ ОД ФЗО

Директорот на ФЗО, Сашо Клековски рече дека е очигледно оти дефицитот на медицински кадар и неатрактивноста на примарната здравствена заштита бара преиспитување на целиот концепт, бидејќи со постоечкиот, многу брзо малите градови и руралните места ќе останат без матични доктори.

Во ординациите во малите места на докторите во следните 24 месеци ќе им биде дозволено да работат без медицинска сестра. Оваа одлука денеска беше соопштена по состанокот на директорите на Фондот за здравствеено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, но и со раководителот на Здружението на приватни лекари (ЗПЛ), Лилија Чолакова и координаторите од градовите.

Покрај оваа одлука, на состанокот се дискутирало за бодовите по капитација, дестимулативните мерки, но и за казните.

Лилија Чолакова-Дервишова, претседателката на Здружението на приватни лекари посочи дека на двајцата директори на ФЗО им е пренесена состојбата во примарното здравство.

„Најдовме заеднички јазик околу проблемот со руралните амбуланти, кои треба да ги сочуваме. Народот да се задржи таму, да се лекува и да биде еднаква пристапноста на сите граѓани во државата. Со тоа што на докторите им овозможиме да работат без медицински сестри, ги спасивме тие ординации, зашто законите што се направени одамна, веќее не сее функционални“, рече таа

Директорот на ФЗО, Сашо Клековски рече дека е очигледно оти дефицитот на медицински кадар и неатрактивноста на примарната здравствена заштита бара преиспитување на целиот концепт, бидејќи со постоечкиот, многу брзо малите градови и рурални места ќе останат без матични доктори.

„Мерките во однос на руралните доктори се темпирани на 24 месеци. Значи, ќе им биде дозволено да немаат медицински сестри во тој период. А ние во тој период трееба да ја разгледаме и системски решиме состојбата и да најдеме трајно решение. Зголемени се и бодовите за руралните доктори. За 22 илјади денари нето се зголемени фиксните примања на руралните доктори, имаат зголемени трошоци, поради нивните патувања до местото каде се наоѓа ординацијата. Тоа е веќе договорено и решено. Одлуките се донесени, направени и стапуваат во сила“, изјави Клековски.

Подготвени се, како што рече, да ги погледнат сите казни заедно со Здружението, па да бидат казнувани само повторливи и дејствија во однос на лажни боледувања.

Според Чолакова-Дервишова, барањата за капитацискиот бод е тој да биде 100 денари, за што се посочени сите аргументи и се надеваат дека владата ќе им излезе во пресрет.

ОВАА НЕДЕЛА

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ