Дождот кој пред малку падна во Калањево го изгаси пожарот, за ,,Фокус,, открива градоначалникот д-р Горан Стојанов.
И додека мештаните се радуваат на секоја капка дожд, опасноста се уште не е зад неготинци. Моментално има големи огнени пламени во близина на Криволак.
-Сега е критичен армискиот полигон. Се ближи кон магацините, открива градоначалникот.И на социјалните мрежи мештани започнаа да објавуваат фотографии од пожарот кај Криволак. На самото место имало една екипа, се очекуваат повеќе информации наскоро.