ДОБРО Е ДРУЖЕ, КОЧИ, ВИДОВМЕ КОЛКУ СИ НЕЗАВИСЕН И ВО КОЈА ТИКВА ДУВАШ – КЛЕКОВСКИ : ИДНИНАТА ЌЕ ПОКАЖЕ ДАЛИ ЗА ВЛАСТ СУМ СЕ ОТКАЖАЛ ОД МОИТЕ СТАВОВИ

0
1815

Истите вредности и ставови ќе ги застапувам и во иднина, тврди за Фокус политичкиот аналитичар Сашо Клековски.

Тој по триесетгодишно искуство во граѓанскиот сектор одлучи да премине во политика, односно влезе во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

На нашето прашање дали со овој чекор досегашниот аналитичар ги доведува во прашање неговите независни експертски ставови, Клековски вели:

-Да бев партиец, ќе одговорев со прашање дали е доведена во прашање независноста кога биле во НВО повеќемина во сегашната Влада како Бојан Маричиќ и Марјан Забрчанец?

Јас истите вредности и ставови ќе ги застапувам и во иднина зашто за мене како човек и стручњак повеќе ќе говори иднината, дали партијата ме сменила и за власт сум се откажал од моите вредности и ставови, тврди Клековски.

Повеќе за преминот од граѓанскиот сектор во политика читајте во новиот број на неделникот Фокус.