На барање на директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), вчера вечер во Општина Прилеп се одржа средба на Регионалниот штаб за управување со кризи.
Покрај градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на Совет на општина Прилеп, Миле Талевски, на средбата присуствуваа претставници на сите здравствени институции од градот, на ЦУК, МВР, Армијата, Територијалната противпожарна заштита и на неколку други институции.
На средбата која беше од консултативен и превентивен карактер, беа донесени неколку заклучоци меѓу кои и тој дека на територијата на општина Прилеп нема регистрирано ниту едно лице заразено од Коронавирусот и дека сите здравствени установи се координирани и спремни за евентуални пациенти со Коронавирус.