ДОБРИ ВЕСТИ ОД ВЕЛИКА БРИТАНИЈА : Британскиот премиер Борис Џонсон повеќе не е на интензивна нега

0
304

Британскиот премиер, Борис Џонсон, веќе не е на одделот за интензивна нега.

Од неговата канцеларија известија дека тој се чувствува многу добро.

„Премиерот е пренесен од одделот за интензивна нега на одделение, каде што ќе биде внимателно набљудуван за време на неговата рана фаза на закрепнување“, рече портпаролот на неговата канцеларија за Би-би-си.

Пред три дена Борис Џонсон беше префрлен во одделот за интензивна нега во лондонската болница поради влошување на симптомите. Тој доби терапија со кислород, но не беше ставен на респиратор.