ДОБРА ВЕСТ ЗА АНТИ ВАКСЕРИТЕ И 5 ЏИ ПРОТЕСТАНТИТЕ : ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ВЕЧЕРВА НА КАНАЛ 5 ИЗЈАВИ ДЕКА ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД 19 НЕМА ДА БИДЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНА

0
788

Министерот за здравство Венко Филипче потенцира дека тогаш кога вакцината за COVID-19 ќе биде достапна кај нас таа нема да биде задолжителна, но посочи дека тој и неговото семејство ќе се вакцинираат.

– Вакцината рече Филипче, се развива на безбедна платформа. Таа сега е во трета фаза на испитување, се виде дека дава антитела, но мора да се почека да се види колку ќе траат тие за да се знае дали ќе треба една или две дози.

– Вакцината не е во календар и нема да биде задолжителна, барем не на почеток. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите, кои ќе бидат препораките, рече Филипче во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Министерот Венко Филипче мисли и на анти ваксерите и на 5 џи протестантите, што значи дека ем нема да имаат потреба да се вакцинираат против Ковид 19 и ем може да се требат на раат од нормалниот народ, вистински полн погодок на македонската комисија за заразни болести и на министерот.