ДНК ЈА СТАВИЈА НА ЛИЦИТАЦИЈА ДОБИЕНАТА ЗЛАТНА БУБАМАРА СО ЦЕЛ ДА СЕ СОБЕРАТ СРЕДСТВА ОД ПРОДАЖБАТА И ДА СЕ НАМЕНАТ ЗА ЛЕОНИД ИНДОВ!

0
545

Музичкото дуо ДНК, кои синоќа на манифестацијата ,,Златна бубамара на популарноста” ја добија наградата за песна на годината за ,,Посреќна” која ја снимија заедно со Врчак, ја ставија на лицитација освоената статуетка.Почетната цена и е 6.000 денари, а собраните средства ќе бидат наменети за младиот Леонид Индов, кому Фондот одби да му го плати болничкиот престој на клиника во Виена.За момчето моментално се во тек низа на хуманитарни акции, со цел да се собере сумата од 140.000 евра, потребна за негово лекување и рехабилитација.

-Како и минатата година, така и оваа добиена награда на Златна Бубамара, решивме да ја ставиме на лицитација.

Овој пат средствата кои ќе бидат собрани, ќе бидат наменети за лекувањето на ЛЕОНИД ИНДОВ кој заедно со неговата фамилија ја водат најтешката битка во животот.

За жал државата по милионити пат нема слух за вакви ситуации, но затоа ДНК заедно со народот сме секогаш тука да помогнеме колку што можеме и дозволуваат нашите можности.

Почетната цена на статуетката е 6.000 денари, но искрено се надеваме дека сумата ќе достигне многу повеќе.
(сумата напишете ја во коментар)Ги повикувам сите големи фирми, корпорации и хумани луѓе кои сакаат да ја имаат оваа статуетка во нивните витрини да се приклучат кон лицитацијата, која секогаш ќе ги потсетува за нивното направено хумано дело.

Сопственик на ,,Бубамарата” ќе стане оној кој последен ќе ја даде највисоката сума (сумата треба да напишете во коментар), а статуетката ќе биде предадена лично од нас, во пакет со потпишано ексклузивно цеде од нашиот последен албум ,,Дваесет” и ДВД издание од јубилејниот концерт одржан во Арената ,,Борис Трајковски” –информираат од дуото.

Лицитацијата ќе се затвори во понеделник во 22 часот, а името на добитникот ќе биде објавено на страницата на ДНК.