ДНЕВЕН ПРОВОКАТОР : Заев на нареден Илинден како премиер да ги набрка дрогираните каубојци со маички и песни на Тодор Александров

0
2674

Лидерот на опозицијата и претседател на СДСМ Зоран Заев има морално право и голема причина зошто треба да ги набрка овие лудаци со маички на крвникот на македонскиот народ Тодор Александров.

Додека македонците гледаат и премолчуваат орда како потомци на крвникот на македонците да се мотаат по македонски и државни празници каде воедно и АСНОМ се водела против нив е апсурд и невидена историска перверзија. Заев мора да ги исчисти овие трули семки од македонското општество, тие мораат да бидат свирепо набркани од такви значајни празници за македонското битие.

Тодор Александров бил претходник и „учител“ на врховистот Ванчо Михајлов. Точно е тоа дека бил за независна Македонија, но тој не го признава македонскиот етнос (или етникум, како некои што викаат), туку во самиот мајски манифест буквално ги претопува македонците како бугари. Тоа е чиста борба за моќ и власт која нема врска со реалноста, мирен просперитет во регионот и ништо добро за македонците. Така да, оние што сакаат да ги слават таквите крвници, огромна е штетата врз овој празник и историски манифест за Македонија кога се дозволуваат вакви психопати да шетаат по Мечкин Камен.

Затоа Заев со полно право мора да ги дистанцира овие лудаци и оваа секта на Александров од македонските значајни празници и манифестации и таа да отиде во заборав и во срамниот дел на македонската историја.

Авторот познат во редакцијата на ,,Народен Глас”.