Saturday, July 12, 2025
24.8 C
Skopje

ДИЈАБЕТИЧАРИТЕ НЕЗАДОВОЛНИ : БУЏЕТОТ НЕ МОЖЕ ДА ГИ ПОКРИЕ ПОТРЕБИТЕ ОД ИНСУЛИН, БАРАМЕ ВКЛУЧУВАЊЕ ВО ДЕФИНИРАЊЕ НА ТЕНДЕРОТ

Сојузот на здруженијата на лицата со дијабетес на Северна Македонија (СЗДСМ), во името на 23 локални организации на лица со дијабетес и во името на над 130.000 лица со дијабетес во државата, изрази огромно незадоволство од усвоениот буџет во делот за програмата за инсулинска терапија.

Од тука велат дека сумата од 860 милиони денари е оставена иста како и претходната година, во 2025 очекуваат распишување нов тендер за набавка на инсулинска терапија за периодот 2025 – 2027, добиле и ветувања и од министерот за здравство, Таравари, за зголемување на опфатот на бројот на лица со дијабетес со модерни помагала (CGM-сензори и инсулински пумпи), а кои се соочуваат со сериозни здравствени компликации од оваа хронична болест.

„Со ваков буџет нема да може да се покријат и досегашните потреби од инсулин и терапија за лицата со дијабетес, да не зборуваме за помагала што веќе се достапни во земјите околу нас – Босна и Херцеговина, Косово и Србија. Во согласност со искуството од претходните години буџетот се зголемувал од година на година, а сега е оставен ист како од претходната година, во година кога знаеме дека ќе требаат поголеми средства. Како Сојуз семе загрижени дека, поради недостиг на буџет, ќе се намали квалитетот на инсулин, како и терапијата за лицата со дијабетес, што ќе предизвика трагични последици врз здравјето и животот на 8 проценти од населението (а претпоставките од лекарскиот кадар се дека има недијагностицирани уште минимум 2-3 проценти). Трендот на појава на дијабетесот во нашата држава е нагорен и, за жал, не гледаме дека Владата има соодветен одговор за оваа популација да има најсовремена терапија и помагала за живот“, велат од Сојузот во писмо адресирано до Владата и Министерството за здравство.

Апелираат до сите инволвирани страни при проекцијата на новиот тендер да ги следат нивните потреби и очекувања и да го запазат континуитетот во подобрувањето на третманот на пациентите. Бараат активно да бидат вклучени во сите чекори при дефинирањето на новиот тендер – нивни претставници да бидат дел на средбите и работата на Националната комисија за дијабтес.

Во спротивно, како што најавија, Сојузот и локалните здруженија ќе ги организираат сите над 130.000 лица со дијабетес и членовите на нивните семејства за активно покажување на нашиот револт пред здравствените и владините институции во земјата.Дополнително, ќе ги известат сите меѓународни здравствени институции на европско и светско ниво за третманот на лицата со дијабетес во Македонија, како и за необезбедувањето предуслови за задржување и зголемување на потребниот квалитет на терапија и помагала за лицата со дијабетес.

ОВАА НЕДЕЛА

ВМРО-ДПМНЕ: СО ИНВЕСТИЦИЈА ОД 6 МИЛИОНИ ЕВРА , ПОПНА ИЗГРАДБАТА НА ФАБРИКАТА ,,ЧАГАТАЈ КАБЛО”

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со привлекување на нови...

ТАТКО ОД ДЕБАР ЈА ПРИСИЛИЛ СВОЈАТА МАЛОЛЕТНА ЌЕРКА ДА ПИТА ПО УЛИЦИ, МВР ГО УАПСИ

Триесетгодишниот маж се сомничи дека го сторил казненото дело...

АМЕРИКА НА КРСТОПАТ: КРАЈ НА ФЛЕРТОТ МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН?

Доналд Трамп имаше два бурни „разводи“ во изминатиот месец....

ВИСАР ГАНИУ ГО ОСУДИ НАПАДОТ ВРЗ АРСОВСКА „НИКОЈ ОД ОПШТИНА ЧАИР НЕ Е ИНВОЛВИРАН“

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу го осуди нападот...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ