Sunday, February 16, 2025
2.8 C
Skopje

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ОБВИНЕТ ЗА ПРОНЕВЕРА ВО СЛУЖБАТА

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Проневера во службата од член 354 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, во периодот од 01.01.2021 до 31.12.2021 година, како службено лице – в.д. директор на ЈКП „Гази Баба – 2007“, со намера за друг да прибави противправна имотна корист присвоил пари доверени во службата. По претходна одлука на Управниот одбор на јавното претпријатие за ангажирање невработени лица за вршење јавни работи за потребите на Општина Гази Баба, обвинетиот склучил договори со седум лица.

Договорите биле заведени под ист деловоден број и имале потпис само од обвинетиот. Притоа, иако за нив водел евидентни листови кои обвинетиот лично ги потпишувал, наводно ангажираните привремени работници не работеле во ЈКП „Гази Баба – 2007“, а на одредени датуми за кои примале хонорар всушност се наоѓале надвор од границите на државата.

За тоа време тие биле уредно водени дека ги извршуваат ангажманите за кои склучиле договори и им се исплаќал паричен надоместок, кој во вкупен износ за сите седум лица достигнал 880.516 денари.

Имајќи ја предвид пред се сериозноста и тежината на кривичното дело кое му се става на товар, запретената казна и останатите прилики, надлежниот јавен обвинител до Судот заедно со обвинението достави и посебен предлог со кој побара спрема обвинетиот да бидат определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште, обврска повремено да се јавува кај службено лице и привремено одземање на патната исправа

ОВАА НЕДЕЛА

БЕШИКТАШ НА СОЛСКЈАЕР ЗА ПРВПАТ ВО ТУРСКАТА СУПЕР ЛИГА ГО ПОРАЗУВА ТРАБЗОНСПОР

Турскиот клуб, Бешикташ каде ново назначен менаџер е поранешниот...

РУТЕ: ЗА 3 МЕСЕЦИ РУСИЈА ПРОИЗВЕДУВА МУНИЦИЈА, КОЛКУ НАТО ЗА ЕДНА ГОДИНА

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изјави дека...

СЕ СНИМААТ КАКО ДИВЕАТ СО КОЛИ А ПОТОА ПРАВАТ СООБРАЌАЈКА КАЈ ГРАДСКА БОЛНИЦА

Порталот ТВ21 објави видео од кое се гледа сообраќајка...

ДУИ: НАЈОСТРО ГО ОСУДУВАМЕ АПСЕЊЕТО НА КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН НА БЛАЦЕ, БАРАН ПО ПОТЕРНИЦА ОД СРБИЈА

Демократската Унија за Интеграција изразува длабока загриженост и најостро...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ