ДИРЕКТОРОТ НА ЗАТВОРОТ ШУТКА, АНДОВ, НАРЕДИЛ ДА ИМ СЕ ИЗБРИЧАТ ГЛАВИТЕ НА ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА И ПАНЧЕ, СПОРЕД НЕГО ЗА ВАКВИ КРИВИЧНИ ДЕЛА НЕМА ФРИЗУРИ!

0
3319

Четворицата осомничени за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, кои вечерва беа донесени од затворот „Шутка“ ов Кривичниот суд, беа со избричени глави и облечени во исти комбинезони.

Директорот на затворот, Андов за Фокус вели дека причината за тоа е дека не се толерираат фризури за вакви кривични дела.„Не дозволувам фризури за вакви кривични дела. Редот во затворот е носење комбинизони без обележја“ рече Андов.Тие беа донесени во Кривичен на барање на обвинителството да им се продолжи притворот, кој што првично на сите им беше 48-часовен.