Saturday, July 12, 2025
24.8 C
Skopje

ДИРЕКТОРОТ НА БИРОТО ЗА ЈАВНА БЕЗБЕДНОСТ ЈАНЕВ ВО ПОСЕТА НА МОТОРНОТО ОДДЕЛЕНИЕ НА МВР

Денеска (30.06.2025) директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев го посети моторното одделение при Одделот за обезбедување на личности и објекти во рамки на Бирото за јавна безбедност – состав од професионални, искусни и храбри полициски службеници.

При посетата директорот Јанев истакна дека нивната посветеност, долгогодишно искуство и дисциплина се од клучно значење, не само за безбедноста на патиштата и ескортното обезбедување на вип личности, туку и за пренос на знаење на помладите генерации преку обуки низ целата држава.

„До неодамна, оваа единица беше исклучена од редовни задачи за превенција и санкционирање на сообраќајни прекршоци. Но, со стартот на оперативната акција „Безбеден сообраќај“, негативната пракса е надмината, моторното одделение е целосно вратено во функција и повторно е присутно на терен во служба на законитоста, безбедноста и редот“, дециден беше директорот Јанев, укажувајќи им ја на колегите важноста на нивното континуирано и интензивно присуство во сите делови на државата, бидејќи видливоста на овие полициски службеници директно влијае врз зголемување на безбедноста и свеста кај учесниците во сообраќајот.

„Полицијата е горда на овие професионалци кои на две тркала секојдневно се грижат за животите на граѓаните и придонесуваат за развој на современа, одговорна сообраќајна култура, особено кај моторџиите, велосипедистите и корисниците на тротинети“, истакна Јанев.

Директорот ја потенцираше и обврската на секој полициски службеник, без исклучок, да биде активен чинител во заштитата на животите на граѓаните во сообраќајот.

„Секој полицаец мора да биде активен чувар на животите на сите граѓани, редот, јавниот интерес и во функција на заштитата на сообраќајната култура. Безбедноста на патиштата не е само техничка задача, таа е вредносна обврска што ја делиме сите, полицијата е првата линија на одбрана кога станува збор за сообраќајната култура“, заклучи директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев.

ОВАА НЕДЕЛА

ТАЈВАН ИСТРЕЛА АМЕРКАНСКИ РАКЕТИ ХИМАРС ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЖБА

Тајванските вооружени сили денеска почнаа да користат едно од...

КУНОВСКА РАЗМИСЛУВА ЗА „НЕЗАВИСНА“ КАНДИДАТУРА ЗА ЦЕНТАР НО ПРИФАЌА И ПОДДРШКИ ОД ПАРТИИ

Софија Куновска, долгогодишен активен член, советник и пратеник од...

МИЛОШОСКИ: ИНФРАСТРУКТУРНИТЕ ПРОЕКТИ НИЗ ДРЖАВАТА ПОМАГААТ ВО РАЗВОЈ НА ЕКОНОМИЈАТА

Прес-конференција на Антонио Милошоски, пратеник и член на ИК...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ