Friday, June 20, 2025
22.8 C
Skopje

ДИРЕКТОРОТ НА БИРОТО ЗА ЈАВНА БЕЗБЕДНОСТ ЈАНЕВ НА ПОКАЗНА ВЕЖБА ВО ПОЛИЦИСКИОТ ЦЕНТАР „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“

Денеска (10.06.2025) директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев присуствуваше на показната вежба во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ на полициските службеници за прием во ЕБР кои успешно ја завршија шестмесечната обука.

На вежбата беа презентирани тактики и техники од доменот на јавниот ред и мир и полициски операции во урбана средина, воспоставување на нарушен јавен ред и мир во поголем обем, како и напад на возило и апсење на вооружени и опасни лица.
„Колегите прикажаа и докажаа умешност, вештини и подготвеност кои гарантираат дека ЕБР е и ќе биде една од алките кои го сочинуваат безбедносниот систем подготвен деноноќно да служи на граѓаните и нивната безбедност.

Благодарност до командантот и останатите раководители во Единицата, до инструкторите и менторите, како и до раководството на Одделот за специјални полициски операции“, истакна директорот Јанев.Преку вежбата беа презентирани и акции на приод и влез во објект во кој се наоѓа криминална терористичка група, неутрализирање на истите, како и апсење на дел од групата, со користење на оклопни возила, беспилотно летало „дрон”, како и останати средства и опрема со кои располага Единицата.

ОВАА НЕДЕЛА

ВО МАСОВЕН ВОЗДУШЕН НАПАД СОСТАВЕН ОД 60 АВИОНИ, ИЗРАЕЛ ГО УБИ НОВИОТ НАЧАЛНИК НА ГЕНЕРАЛШТАБОТ ВО ИРАН

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни напади врз...

НИКОГАШ НЕ СМЕ СТАВИЛЕ ВЕТО, РЕЧЕ РАДЕВ ПРЕД СИЉАНОВСКА ДАВКОВА: „БУГАРИЈА НЕ ВЕ БЛОКИРА“

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија никогаш не...

ЕСКАЛИРА СУДИРОТ МЕЃУ ИРАН И ИЗРАЕЛ: РЕКЕТИРАНА БОЛНИЦА И ЗАСИЛЕНИ ТЕНЗИИ

Најмалку 89 лица се повредени откако иранска ракета ја...

ЗАХАРОВА: КОСОВО Е ДЕТЕ НА ЗАПАДОТ И ПЛОД НА АГРСИЈАТА НА НАТО

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова,...

ДАЛИ ИРАН СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО БЛОКИРА ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ?

Израел денес ги бомбардираше иранските нуклеарни постројки, а иранските...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ