ДИРЕКТОРКАТА ОД ПЕТРОВЕЦ :„НА Е-МАИЛОТ СЕ ГЛЕДА ДО КОИ УЧИЛИШТА Е ПРАТЕНА ПОРАКАТА, ЗОШТО МВР НЕ НЕ КОНТАКТИРАШЕ?

0
684
Директорката на училиштето ООУ „Кочо Рацин“ во Петровец, Виолета Јаневска даде објаснување во врска со денешните дојави за бомба во училиштето.Таа вели дека меилот е испратен по завршување на работното време, и во тоа време немало ученици во училиштето.„Маилот е пратен вчера во 15 ч и 07 мин. по завршување на работното време на службите кои што што се задолжени за отворање на електронската пошта на училиштето и во моментот училиштето нема ученици.

Утрово по пристигнување на работното место ја отворив електронската пошта околу 7ч и 20.мин. пред почеток на часовите при што видов дека има порака со заканувачка содржина.

По што го известив МВР и општината и учениците беа безбедно евакуирани во училишниот двор“, вели таа.

Според неа, потоа пристигнале единиците на Министерството за внатрешни работи при што беше констатирано дека дојавата за бомба е лажна.