Димкоски од Свети Николе: ВМРО-ДПМНЕ ги понижи земјоделците, СДСМ се грижи, само минатата година 424 млади земјоделци користат грант од 10.000 евра

0
321
Откако СДСМ ја презеде одговорноста се соочи со громорозна слика во земјоделието. ВМРО-ДПМНЕ на принципот во четири и очи и прв дојден-прв услужен ги делеше неправедно субвенциите и доделуваше неповратни грантови. Наместо кај вистинските земјоделци, ги понижи земјоделците.
Со СДСМ има неселективност и секој земјоделец има фер и еднаква шанса – рече членот на ЦО на СДСМ и Министер за земјоделство, водостапнство и шумарство, Димкоски, на граѓанската трибина на СДСМ „На прав пат“ во Свети Николе.
Димкоски потенцираше дека само минатата година 424 млади земјоделци користат грантови од 10.000 евра и дека веќе во Собранието е поднесен предлог за зголемување на субвенцијата на млад земјоделец од 10.000 евра на 20.0000 евра.