Димитров: Членка сме на НАТО и почнуваме преговори со ЕУ. Ова беше мисловна именка пред 3 години

0
110
Нема реномиран извештај во кој државата нема регистрирано напредок, Фридом хаус, Бертелсман, каде е регистриран најголем напредок, Европската комисија, индексот за демократија на Економист, кој покажува каде е македонската демократија денес, а пред само три години беше заробена држава. Членка сме на НАТО и почнуваме преговори со ЕУ. Ова беше мисловна именка пред 3 години.
Ова во емисијата „Само вистина“ го истакна носителот на листата на СДСМ во изборната единица 1 Никола Димитров, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ претендира да биде политичка партија, а повремено личи на здружение, чија основна цел е да бега од правда и одговорност, има почесен претседател во егзил, кандидат за пратеник, кој поштарот не може да го најде дома да му врачи покана за суд.
Ќе треба сите да засукаме ракави и да и погледнеме на одговорноста во очи, наша задача на овие избори е да ставиме точка на таа оставштина на бегање од правдата, порача Димитров.
Гласањето е одлучување, со максимално почитување на мерките, со дистанца, со маски сите да излеземе на гласање, влогот е огромен и следниов период да најдеме здраво ниво, бидејќи ова можат да бидат вистина добри години за земјата во смисла на пристапните преговори за Европската унија, рече Димитров.
Факт е дека имавме тешка ситуација, факт е дека  направивме голем пресврт во многу области, истакна Димитров и ги повика на поддршка за да ја ставиме земјата на шините за напред.