Димитров на ТВ Сител: Нема да се занимавам со ВМРО-ДПМНЕ, тие се завршена приказна

0
548

Кога станува збор за правдата, Димитров рече дека време е конечно да се стави точка на тие рецидиви од режимот на Груевски.

„Мислам дека на овие избори мора да ставиме точки на последните рецидиви на тој режим што доведе до тоа ЕК да не нарече заробена држава.“, подвлече Димитров.

На прашањето за иднината на државата, Димитров истакна дека влеговме во НАТО, добивме зелено светло за почеток на преговори со ЕУ.

– Државата ја ставивме на шини, сега да ја закачиме за локомотивата што оди напред со СДСМ под лидерството на Зоран Заев, нагласи Димитров.