Димитров: Ако 2019 беше година на НАТО, се надевам 2020 ќе биде европска година

0
234

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во интервју за „Канал 5“ вели дека од голема помош за евроинтегративните активности ќе биде доколку се донесе Законот за јавно обвинителство.

На прашање колку се реални шансите да добиеме датум за преговори со ЕУ оваа година Димитров вели дека наша задача е да ветуваме помалку, а да сработиме максимум.

-Целта на ова министерство во новата година е да продолжиме со една дипломатска офанзива, ќе биде мнофу од помош, ако Сибранието успее да го донесе двотретинскиот Закон за ЈО, тоа ќе помогне во оваа актовност.Се надевам ако 2019 беше година на НАТО, 2020 ќе биде европска година- рече Димитров.