Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 рече дека инспектори на Управата за јавни проходи (УЈП) пред неколку дена вршеле контроли на „Пластичарската“ улица во Скопје, но и на Бит-пазар, каде затворила неколку дуќани и казнувала компании.
Министерката вели дека нивната цел не е да затвораат и да казнуваат, туку да се направат фер услови за секоја фирма.
„Тоа значи дека оние компании коишто се чесни, работат, си плаќаат, немаат никаков проблем со законот, продолжуваат исто така да работат. Фокусот ни е на оние кои што злоупотребувале“, рече Димитриеска Кочоска.