ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА : СДС ГО УНИШТИЈА ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД, НИКОГАЃ НЕ СЕ ЖИВЕЕЛО ПОЛОШО ОД СЕГА, ЗАТОА СДС ЌЕ ЗАГУБИ КАТАСТРОФАЛНО

0
64

„Животниот стандард го уништија, јас малку постручно велам животниот стандард меѓутоа нема семејство што не живее полошо отколку што живеело претходно, цените отидоа нагоре многу. Не е суштината ти платата да му ја зголемиш ако вредноста на платата се намалува или на пензијата, значи не постигнале ништо од актуелната власт. Многу е смешно кога ќе ветуваат плати и пензии, а притоа не размислуваат во делот на цените. И во тој дел апсолутно немаат никаков план да речам“, истакна Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за пратеник во изборна единица 1 во вчерашната емисија „Вечерно шоу на Богдан Илиевски“ на Алфа телевизија говорејќи како актуелната власт го уништи животниот стандард на граѓаните со лоши политики.

Димитриеска Кочоска притоа се осврна дека и корупцијата и криминалот се во пораст во Македонија поради несправувањето со истите од страна на актуелната власт. А, поради тоа од Македонија се иселуваат многу млади луѓе кои што финансиски се многу добри и се наоѓаат на добри работни позиции. Корупцијата, криминалот и нефункционалниот систем пресудија на многу граѓани за да си заминат од Македонија.

„Според мене Бисера треба да одговара и за Универзалната, Тренчевска треба да одговара за злоупотребите што ги произнесе нашиот министер Ѓоко во однос на онаа мерка што се давала како социјална помош и каде што има штети од над два ипол милиони евра. Заради тоа што после 30.06.2022 таа мерка требало да престане, но ја продолжиле. Исто така ќе одговара и за мерките за пензионерите што даваа финансиска помош сега пред избори, имаше давано пари и на пензионери кои што не влегуваа во тие групи како социјално ранливи. Имаат за многу што да одговараат“, таа нагласи.

Таа посочи дека на овие избори СДС ќе изгуби многу, граѓаните одлучија да ги казнат за штетните политики.

„Ние си кажавме јасно и гласно дека борба со сива економија ни е една од клучните работи“, укажа Димитриеска Кочоска.

„Имаме формирано тело во кое што ќе учествува министерот за внатрешни работи со министерот за финансии и тука ќе се и организациони тела како УЈП, Царина, Финансиска полиција, Управа за перење пари и организиран криминал. Ќе имаат чести состаноци на кои што ќе ги следат јавните набавки, трансфер на пари итн. И тоа се со цел да ја сведеме корупцијата на нула“, порача таа говорејќи што идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се со цел корупцијата во Македонија да се сведе на нула.

Димитриеска Кочоска укажа дека ќе е потребна помошта од граѓаните затоа што треба да пријавуваат до надлежните институции.