Friday, June 20, 2025
19.8 C
Skopje

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: РАСТОТ НА БДП Е НАЈРЕЛЕВАНТЕН ПОКАЗАТЕЛ ЗА ПОЛИТИКИТЕ ШТО ГИ СПРОВЕДУВАМЕ И СМЕРНИЦА ЗА КРЕИРАЊЕ НА ИДНИТЕ ПОЛИТИКИ

јуни 2025, Скопје

– Бројките се најрелевантниот показател за политиките што ги спроведуваме и претставуваат смерница за креирање на политиките во наредниот период. Раст на БДП од 3% и над 3% последователно во три квартали е потврда за нашата политика што ја најавивме за стабилизација на макроекономската состојба и можност да стартуваме со политиките коишто ќе не водат кон забрзување на економската активност на домашната економија и повисоки стапки на економски раст. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на прес-конференција на која се осврна на последните објавени податоци за раст на БДП во првиот квартал од 2025 година.

Истакнувајќи дека  евидентираниот раст е поткрепен со политиките што ги води Владата, рече дека од почетокот на годината скоро 11 милијарди денари од Буџетот се вбризгани во економијата преку компаниите коишто работат на изведба на инфрструктурни проекти, близу 500 милиони денари кон компаниите кои работат на општинските проекти за кои, исто така, се обебедени средства од Буџетот, над 125 милиони евра за инвестиции на домашните компании преку Развојната банка, како и раст на просечната плата од 10,5% што е поттикнување на потрошувачката и индиректно на економијата и раст на пензиите за 2.500 денари.

Таа потенцира дека станува збор за првични сигнали коишто се  поволни и претставуваат показател дека проектираниот раст од 3,7% е остварлив за оваа година и ќе биде мотор за остварување повисоки стапки на раст на среден рок кои просечно годишно би изнесувале 4,7%, а кои ќе базираат на инвестиции и во јавниот и во приватниот сектор.Имено, Државниот завод за статистика, вчера објави дека растот на БДП во првиот квартал од 2025 година изнесува 3 % и дека тој се темели на широка основа со позитивни остварувања во сите сектори.

Со почит,Одделение за односи со јавност

ОВАА НЕДЕЛА

ВО МАСОВЕН ВОЗДУШЕН НАПАД СОСТАВЕН ОД 60 АВИОНИ, ИЗРАЕЛ ГО УБИ НОВИОТ НАЧАЛНИК НА ГЕНЕРАЛШТАБОТ ВО ИРАН

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни напади врз...

НИКОГАШ НЕ СМЕ СТАВИЛЕ ВЕТО, РЕЧЕ РАДЕВ ПРЕД СИЉАНОВСКА ДАВКОВА: „БУГАРИЈА НЕ ВЕ БЛОКИРА“

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија никогаш не...

ЕСКАЛИРА СУДИРОТ МЕЃУ ИРАН И ИЗРАЕЛ: РЕКЕТИРАНА БОЛНИЦА И ЗАСИЛЕНИ ТЕНЗИИ

Најмалку 89 лица се повредени откако иранска ракета ја...

ЗАХАРОВА: КОСОВО Е ДЕТЕ НА ЗАПАДОТ И ПЛОД НА АГРСИЈАТА НА НАТО

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова,...

ДАЛИ ИРАН СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО БЛОКИРА ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ?

Израел денес ги бомбардираше иранските нуклеарни постројки, а иранските...

ИРАН ГИ БЕЛЕЖИ КАДЕ СЕ НАОЃААТ СИТЕ АМЕРИКАНСКИ БАЗИ НА БЛИСКИОТ ИСТОК

Со повеќе од 40.000 американски војници распоредени низ Блискиот...

ДОДИК: ДОДЕКА ЈАС ЈА ВОДАМ РЕПУБЛИКА СРПСКА, НИЕ НЕМА ДА БИДЕМЕ ПАРКИНГ ЗА МИГРАНТИ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека Република...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ