– И ВО ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО И ВО СУДСТВОТО ИМААТ ПРАВО НА 35 ОТСТО ДОДАТОЦИ НА ПЛАТА ЗАРАДИ РИЗИЧНОСТ. НО, ТОЈ ДОДАТОК НЕ ИМ СЛЕДИ ПО ДЕФИНИЦИЈА, ДЕКА СИТЕ ТРЕБА СЕКОЈ МЕСЕЦ ДА ГО ЗЕМААТ, ТУКУ ИМААТ ПРАВО НА ТОЈ ДОДАТОК КОГА ИМААТ РИЗИЧНИ СИТУАЦИИ. ИСТО ТАКА, ВО БУЏЕТИТЕ ТИЕ НА СТАВКАТА ПЛАТИ ПОСТОЈАНО ПРЕДВИДУВААТ ПАРИ КАКО ДА ЌЕ ВРАБОТУВААТ НОВИ ЛИЦА, А НИКОГО НЕ ВРАБОТУВААТ, САМО ПОВРЕМЕНО ПО НЕКОЈ, И ЦЕЛО ВРЕМЕ СИ ДОДАВААТ 35 ОТСТО ПЛУС. НИЕ СО РЕБАЛАНСОТ ИМ ГИ СКРАТИВМЕ ПАРИТЕ ЗА НОВИТЕ ВРАБОТУВАЊА, НЕ СМЕ ИМ СКРАТИЛЕ НИШТО ДРУГО – ВЕЛИ МИНИСТЕРКАТА ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА.
Според законите, на судството му следува 0,8 отсто од БДП, а на Обвинителството 0,4 отсто од државниот буџет, но правосудните институции досега никогаш не ги добиле целосно овие суми. Министерката објаснува дека буџетите за институциите ги проектираат според тоа колку тие успеваат да реализираат.
– ТИЕ ДОСТАВУВААТ БАРАЊА ЗА БУЏЕТ ВО КОИ БАРААТ ФИНАНСИРАЊЕ ЗА ИНВЕСТИЦИСКИ АКТИВНОСТИ, НИЕ СМЕ ГИ БУЏЕТИРАЛЕ, А ТИЕ НЕ ГИ РЕАЛИЗИРАЛЕ ТИЕ ИНВЕСТИЦИИ. ЗАТОА, СЕГА КОГА ПРОЕКТИРАМЕ БУЏЕТИ, ПАРИТЕ ГИ ПЛАНИРАМЕ СПОРЕД ПРИНЦИПОТ РЕАЛНОСТ НА ОСТВАРУВАЊАТА НА БУЏЕТОТ И КАПТАЛНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ. НО, ВО ТРЕНДОТ НА ПОРАСТ НА БУЏЕТОТ ВО ПРАВОСУДСТВОТО ДОМИНИРА КАТЕГОРИЈАТА ПЛАТИ – ВЕЛИ ДИМИТРИЕСКА-КОЧОВСКА.
Таа вели дека судовите треба да одговорат зошто им се зголемува бројот на пресуди од Европскиот суд за човекови права за што државата плаќа милионски суми за обештетување.
Таа вели дека со години обвинителствата и судовите бараат пари за нови вработувања, а не ги реализираат, а потоа парите за тие нереализирани вработувања ги пренаменуваат за додатоци на платите, а без некои особени резултати во работата кои им се предвидени и во колективните договори.
– НЕ СЕ СИТЕ СУДИИ И ОБВИНИТЕЛИ ЕФИКАСНИ, А ПРАВОТО ЗА ДОДАТОЦИ СЕ БАРА ЗА СИТЕ. ИСТОТО СЕ СЛУЧИВА И ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА, ЕВЕ ДА ГИ ТРГНЕМЕ ВОЈНИЦИТЕ НА СТРАНА, ТИЕ ЗАСЛУЖУВААТ ДОДАТОЦИ. НИЕ СМЕ ВО СИТУАЦИЈА КОГА ОД ЕУ ИЛИ ОД НАТО НИ Е ОДРЕДЕНО КОЛКАВ ТРЕБА ДА Е ПРОЦЕНТОТ ОД БДП ЗА ОДРЕДЕНИ ИНСТИТУЦИИ, НО ТОА НЕ ЗНАЧИ ДЕКА ТИЕ ТРЕБА ДА ИМААТ ПО 2.000 ЕВРА ИЛИ 3.000 ЕВРА ПЛАТА. МНОГУ ЛОШО ГИ ТОЛКУВАМЕ РАБОТИТЕ. ПРЕТПОСТАВУВАМ ДЕКА ПРЕД МЕНЕ НИЕДЕН МИНИСТЕР НЕМАЛ НАМЕРА ДА СЕ ЗАНИМАВА СО НИВ – ВЕЛИ МИНИСТЕРКАТА.
Таа вели дека е потребна принципиелност во изнесувањето и толкувањето на нештата.
– НИКОЈ НЕ ГИ ПОПРЕЧУВА ДА ВРАБОТУВААТ, РЕДОВНО ИМ ДАВАМЕ ПОЗИТИВЕН ОДГОВОРИ И БУЏЕТ ЗА НОВИТЕ ВРАБОТУВАЊА. ДА БИДЕМЕ ПРИНЦИПИЛЕНИ. ЕМ НИШТО НЕ ПРАВАТ ВО КОНТИНУИТЕТ, ЕМ ГУБАТ ПРЕДМЕТИ ВО СУДОТ ВО СТРАЗБУР, А ОД ДРУГА СТРАНА НИЕ ТРЕБА ДА ИМ ДАВАМЕ БОНУСИ НА СИТЕ ПО ДИФОЛТ. АЈДЕ ДА ОТИДЕМЕ ДЕНЕСКА ВО СУДОВИТЕ И ОБВИНИТЕЛСТВАТА ВО ТЕТОВО И ВО ГОСТИВАР, ДА ВИДИМЕ КОЈ Е НА РАБОТА. ТАМУ ИМА ВРАБОТЕНИ СУДИИ И ОБВИНИТЕЛИ И МАКЕДОНЦИИ АЛБАНЦИ, ДА ОТИДЕМЕ СЕГА, ПРАЗНО Е, НИШТО НЕМА. И ЗАСЛУЖУВААТ 35 ОТСТО? ОБВИНИТЕЛОТ ЉУПЧО КОЦЕВСКИ Е ОД ТЕТОВО, МУ РЕКОВ, НЕ ВРАБОТУВАТЕ, А БАРАТЕ ПАРИ, БАРЕМ СРАБОТЕТЕ НЕШТО. ОД КОЛКУ МЕСТА ИМА СЕГА ПРИЈАВИ ЗА РАЗНИ ПРОБЛЕМИ, НЕ СЕ ПОТЕГНУВААТ ДА ОТИДАТ ДА ВИДАТ, ПО ДОПРЕН ГЛАС, ПО КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ… МОРА ДА БИДЕМЕ ФЕР. НЕКА РАБОТАТ, А НИЕ ЌЕ ИМ ГО ЗГОЛЕМИМЕ БУЏЕТОТ – ВЕЛИ МИНИСТЕРКАТА ЗА ФИНАНСИИ.
Таа додава дека судиите и обвинителите воопшто не се оштетени д кратењето на буџетот, а нивните плати се и по 3.000 евра.
– СУДСКА ВЛАСТ ТРЕБА ДА ДОБИВА 0,8 ОТСТО ОД БДП, А СПОРЕД СЕГАШНИОТ СИСТЕМ НА БУЏЕТИРАЊЕ ДОБИВА 0,3 ОТСТО. И ВО ДРУГИТЕ ЗЕМЈИ, СПОРЕД АНАЛИЗИТЕ ШТО ГИ ПРАВИМЕ ТОЈ ПРОЦЕНТ Е 0,3. АКО СЕ СПОРЕДУВА НИВОТО НА БУЏЕТИРАЊЕ, ТОА ГО ЗАДОВОЛУВА ПРОЦЕНТОТ КАКО ВО ДРУГИТЕ ЗЕМЈИ, НО ПРОЦЕНТОТ НА ЕФИКАСНОСТА ВО НИВНОТО РАБОТЕЊЕ НЕ ЗАДОВОЛУВА, КАКО И ДОВЕРБАТА КОЈА Е САМО 2 ОТСТО. ОБВИНИТЕЛСТВО ТРЕБА ДА ДОБИВА 0,4 ОТСТО ОД БУЏЕТОТ, НО СПОРЕД ТОЛКУВАЊЕТО НА ОБВИНИТЕЛСТВО ТИЕ МИСЛАТ НА СИТЕ ВКУПНИ ПРИЛИВИ ВО БУЏЕТОТ, ВО КОЈ ОСВЕН ДАНОЦИ, СЕ СОДРЖАТ И ПРИДОНЕСИ И ДОНАЦИИ. НИЕ ТРЕБА ДА ГИ ТРГНЕМЕ ПРИДОНЕСИТЕ ОД ТАА ПРЕСМЕТКА, ТОА СЕ ПАРИ НА ПИОМ, А ДОНАЦИИТЕ СЕ ЗА ПРОЕКТИ, ПА АКО ГИ СМЕТАМЕ САМО ДАНОЦИТЕ, ПРОЦЕНТОТ ШТО ГО ДОБИВААТ ОД БУЏЕТОТ Е 0,5. ЗА ОВАА ГОДИНА НЕМААТ ДОНЕСЕНО НИ ДОСТАВЕНО ГОДИШЕН ПЛАН ЗА ВРАБОТУВАЊА ДО МИНИСТЕРСТВОТ ЗА ФИНАНСИИ, А НАСЕКАДЕ СЕ ОДИ СО ИНФОРМАЦИИ ДЕКА НЕ ГИ ФИНАНСИРАМЕ, ДЕКА ГИ КОЧИМЕ, НЕ ИМ ОДОБРУВАМЕ… НО, АКО СЕ ПОГЛЕДНАТ БРОЈКИТЕ, НИЕ НЕ ЗАОСТАНУВАМЕ ВО БУЏЕТИРАЊЕТО. ЌЕ ГИ СТАВАМ СИТЕ БРОЈКИ ЗА ПЛАТИ НА САЈТОТ НА МИНИСТЕРТСВОТО, ПОВЕЌЕ НЕ ТОЛЕРИРАМ РАСКАЖУВАЊЕ НА ПРИКАЗНИ И ПРЕНАМЕНИ ЗА ПЛАТИ И ЗА НАГРАДА.