Tuesday, November 12, 2024
6.8 C
Skopje

ДИМИТРИЕСКА – КОЧОСКА : ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ЗАЕМ ОД 500 МИЛИОНИ ЕВРА СО УНГАРСКАТА ЕКСПОРТ – ИМПОРТ БАНКА, ОБЕЗБЕДЕНА ЛИКВИДНОСТ НА БУЏЕТОТ, ПОДДРШКА НА ОПШТИНИТЕ И КОМПАНИИТЕ

8 октомври 2024, Скопје –  Договорот за заем со унгарската Експорт-импорт банка денеска е потпишан во Будимпешта. Договорот во име на Владата, а во согласност со Законот за Закон за  задолжување на РС Македонија со заем кај Унгарската експорт – импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели, го потпиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

„Со потпишување на Договорот денеска обезбедуваме 500 милиони евра за буџетска поддршка, за поддршка на локалниот развој преку проекти во општините, како и за поддршка на економијата. Тоа беше повеќе од потребно за нашата економија, која во првиот квартал имаше многу слаба економска активност и бараше мерки кои ќе направат раздвижување и забрзување на економската активност.

Исто така, и реализацијата на проектите во општините претставуваа неопходност затоа што и тие ќе имаат позитивно влијание врз економската активност, а дополнително со нив ќе решиме и горливи проблеми на граѓаните“, рече министерката за финансии по потпишување на Договорот. Заемот, како што истакна, се обезбедува по поволни услови, со рок на отплата од 15 години, со вклучен грејс период од 3 години и каматна стапка од 3,25%.

„Одлуката на Владата да го обезбедиме планираното надворешно задолжување со Буџетот за 2024 година преку билатерален заем од Унгарија, наместо со издавање нова еврообврзница, произлезе како резултат на поволните услови што ги добивме и заштедата што ја правиме само по основ на каматата. Каматните стапки по кои би ја добиле оваа сума на меѓународниот пазар е околу 6% и тоа е голема заштеда по буџетот по овој основ, односно заштеда на годишно ниво од околу  14 милиони евра.

Дополнително и рочноста дава предност и помал ризик од потреба за рефинансирање“, рече Димитриеска-Кочоска, која додаде дека ваквите услови се резултат и на политиките што ги води Владата, а за што, како што посочи, минатата недела добивме потврда и од кредитната агенција „Фич“, којашто според неа има значајна улога за каматните стапки коишто ги добива земјата при задолжување на финансиските пазари.

Она што е за потенцирање, според министерката,   е дека делот  од заемот кој ќе оди кон компаниите ќе биде пласиран исто така по поволни услови, што ќе влијае на отпочнување на еден инвестициски цисклус во приватниот сектор од над 500 милиони евра со кој ќе се обезбедат повисоки стапки на економски раст. Средствата, како што рече, до крајот на неделата треба да бидат префрлени на сметките во земјата и потоа да почнат да се реализираат согласно планираното.

ОВАА НЕДЕЛА

РУСКАТА ДРЖАВНА ТЕЛЕИЗИЈА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИИ ОД МЕЛАНИЈА ТРАМП НА КОИ Е ГОЛА

Американците се и згрозени и лути откако руската државна...

ШОКАНТНО : ПРОНАЈДЕНИ ТЕЛА НА ТРОЈЦА МАЖИ ПОКРАЈ РЕКАТА ВАРДАР

Во Скопје вчера беа пронајдени тела на тројца мажи...

МИЦКОСКИ : ВЛАДАТА ГИ ШТИТИ МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВНИ ИНТЕРЕСИ

Во организација на Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ Скопје, претседателот...

МИЦКОСКИ : СКОПЈЕ НЕ Е САМО ГРАД, ТОА Е ДУШАТА НА МАКЕДОНИЈА, ВРЕМЕ Е ЗА НОВА СТРАНИЦА НА ГРАДОТ ЗА ЗАФАЌАЊЕ ЗА РЕШАВАЊЕ НА...

Почитувани сограѓани, Драги пријатели, Дами и господа, Денес сме собрани тука, обединети...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ