Friday, May 16, 2025
11 C
Skopje

ДИМИТРИЕСКА – КОЧОСКА НА СРЕДБИ ВО СВЕТСКА БАНКА – КОНТИНУИТЕТОТ ВО ПОДДРШКАТА ОД СВЕТСКА БАНКА ОД ГОЛЕМА ВАЖНОСТ ЗА НАШАТА РАЗВОЈНА АГЕНДА

Македонската Влада останува посветена на реализација на проектите што се спроведуваат со поддршка на Светска банка и можност за што поголем опфат од одобрената Рамка за партнерство којашто е во износ од околу 700 милиони американски долари. Поддршката од СБ има континуитет и таа ќе продолжи и во наредниот период, а значи поддршка за развојната агенда на земјата. Ова беше истакнато на средбите на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во Светската банка со потпретседателката на оваа институција Антонела Басани, извршниот директор Јуџин Ругенат, како и со директорката за Западен Балкан Шиаочин Ју.

„Спроведување на реформите со поддршка на Светска банка е континуиран процес и тој ќе продолжи и во наредниот период. Во моментов се спроведуваат 10 проекти чиј износ е над 460 милиони американски долари и тие за Македонија значат подобрување на општинската локална инфраструктура, изградба и реконструкција на патишта, модернизација на земјоделството, енергетска ефикасност, реформи во социјалниот сектор, основното образование и јавната администрација. Реформите ќе продолжат и во наредниот период преку имплементација на Рамката за партнерство 2024-2028 со фокус на подобар квалитет на испорака на јавни услуги, зголемување на продуктивноста на работните места во приватниот сектор, како и зголемена отпорност на климата“, рече министерката Димитриеска-Кочоска.

Таа истакна дека се преземаат активности за зајакнување на капацитетите на институциите за поголема абсорбција и имплементација на проектите за кои се одобрените средства од меѓународните финансиски институции, вклучително и од Светската банка. На средбата беше потенцирана важноста од континуирната поддршка што ја дава Групацијата на Светска банка за реформите во РС Македонија, а коишто се поткрепа на политиките на новата Влада за создавање здрава основа за обезбедување макроекономска стабилност и забрзан економски раст. Средбите на министерката во Светска банка, на кои учествуваше и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска се одржаа во рамки на Годишните средби на ММФ и СБ во Вашингтон.

Претходно, министерката и гувернерката остварија состојба со високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд, а министерката имаше одделни средби и со други меѓународни финансиски инстиуции, институции кои се вклучени во процесот на издавање еврообврзници, како и со свои колеги, министри за финансии, кои учествуваа на Годишните средби во Вашингтон.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

КАРАВАНОТ ,,ЗАЕДНО ЗНАЕМЕ ПОВЕЌЕ” ВО КРИВА ПАЛАНКА – ДВИЖЕЊЕТО ЗНАМ ЗА НАША МАКЕДОНИЈА ДИРЕКТНО СО НАРОДОТ

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски заедно...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ