Wednesday, June 18, 2025
32.8 C
Skopje

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: КОНСОЛИДАЦИЈА ОСТАНУВА ПРИОРИТЕТ – ПРВПАТ НАМАЛЕН ЈАВНИОТ ДОЛГ ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ ОД ГОДИНАТА

19 мај 2025, Скопје

–  Фискалната консолидација останува приоритет на Владата и нема да отстапиме од она што е дефинирано со Фискалната стратегија.  Кулминацијата ја достигнавме и сега ќе одиме кон намалување на јавниот долг. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во 360 Степени во врска со влијанието на реализацијата на новиот инвестициски план врз нивото на јавниот долг.

„Буџетскиот дефицит минатата година беше 4,4% од БДП, Оваа година е 4%. Јавниот долг во првиот квартал од 2025 година е најнизок во последните 5 години и првпат од 2018 година  наваму бележи намалување во споредба со крајот на годината.  Односно, од 2018 година наваму нема година освен оваа во која јавниот долг во првиот квартал е помал отколку на крајот на годината“, рече министерката за финансии и додаде дека долгот во првиот квартал е намален за 36 милиони евра, нешто што не се случувало во минатиот период. Потенцира дека има внимаелен пристап во работењето и дека тоа ја покажува грижата кон Буџетот.

„Можев и јас како во претходниот период.  Се задолжувале во првиот квартал  за да бидат спокојни до крајот на годината, а потоа ги плаќале каматите граѓаните. Можев и јас да ја задолжам државата 300-400 милиони евра и потоа да плаќаме камата од 7% секој месец. Но кој ќе одговра. Оваа министерка тоа нема да го дозволи. Тоа го покажуваат и податоците“, рече минитерката. Таа потенцира дека задолжувањето е оправдано само ако има додадена вредност во економијата.

Со почит, Одделение за односи со јавност

ОВАА НЕДЕЛА

ТРАГЕДИЈА: ЖЕНА ПРОНАЈДЕНА МРТВА НА ГРЧКА ПЛАЖА

Пребарај.. МАКФАКС РЕГИОН Трагедија во Грција: Србинка пронајдена мртва на плажа во...

ВОЛСТРИТ ЖУРНАЛ: НА ИЗРАЕЛ МУ СНЕМУВА ОДБРАНБЕНИ ПРЕСРЕТНУВАЧИ НА РАКЕТИ

Системот „Аrrow“ не е единствената одбранбена мерка што се...

ОСУМ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ЕВАКУИРАНИ ОД ИЗРАЕЛ

Вкупно 28 лица побарале евакуација по воените дејствија. Втората...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ