Sunday, March 23, 2025
9.8 C
Skopje

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: ДОДЕКА ВИЕ МЕ НАПАЃАТЕ, ЈАС РАБОТАМ СО ФАКТИ

Фото : СДК.МК

Додека ме напаѓате по различни основи, јас работам со факти кои за жал на сите нас се многу тажни.

Извештајот на ММФ говори за погубните политки кои изминатата влада на СДС/ДУИ ги спроведуваше без око да им трепне.

Јавниот долг поради нивното неразумно трошење достигна едно катастрофално ниво, па владата на ВМРО-ДПМНЕ мораше да прави чуда задолжувајќи се со кредит со најниски стапки во историјата на државата и да “гаси пожари” буквално на сите “фронтови”, додека земјите од регионот успешно се консолидираа и го контролираат нивниот јавен долг. Воедно, ниското ниво на капиталните расходи во времето на СДС/ДУИ направија да имаме лоши оценки и во тој дел, а немаме никаква реализација на ниту еден проект од тоа време.

Затоа, следен пат кога немате аргументи немојте да ми извртувате зборови. Ако сакате да бидете конструктивна опозиција треба да разговараме со факти, без оркестрирани лаги и лажната емпатија кон своите сопартијци.

Фејсбук статус на министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОЗНАТИОТ БУГАРСКИ АКТЕР, ФИЛИП БУКОВ ДОНИРАШЕ КРВ ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ ОД КОЧАНИ

Познатиот бугарски актер Филип Буков демонстрираше исклучителна хуманост со...

МИРЕН СОБИР ВО ШТИП: ,,ВИЕ ГО ЗАПАЛИВТЕ ПЛАМЕНОТ, СПРЕМЕТЕ СЕ ЗА ОГАН”

На мирен собир во Штип вечерва граѓаните им оддаваат...

НИКОЛОСКИ: ОДЗЕДОВМЕ 427 ЛИЦЕНЦИ

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски информираше дека...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ