Wednesday, June 18, 2025
32.8 C
Skopje

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: ВЛАДАТА БРЗО РЕАГИРАШЕ ПО НЕСРЕЌАТА ВО КОЧАНИ, ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА ЗА СЕМЕЈСТВАТА Е ИСПЛАТЕНА И ОД БУЏЕТОТ И ОД ЦРВЕНИОТ КРСТ

29 мај 2025, Скопје

– Владата преку централниот буџет за настраданите во пожарот во Кочани обезбеди 30 милиони денари од кои кон семејствата на повредените кои беа испратени на лекување во странство се исплатени 11,2 милиони денари.Дополнителна финансиска поддршка која беше исто така координирана од Владата се исплаќа преку Црвениот крст од средствата коишто беа собрани преку отворената линија за донации. Ова го соопшти министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на собраниска седница посветена на поставување пратенички прашања.

„Владата на Република Македонија многу брзо реагираше во оваа ситација.Од Буџетот за настраданите се обезбедени 30 милиони денари и досега се исплатени 11,2 милиони денари за повредените во странство. Преку Црвениот крст се собрани над 100 милиони денари, активност што се спроведуваше во координација со Валдата и беше во моментот единствениот најбрз можен начин да се соберат средства и да се излезе во пресрет на семејствата на настраданите. Затоа одевме со две постапки, од кои едната беше со Црвениот крст каде што и ние сите како функцинери и пратеници од владеачкото мнозинство, а и опозицијата сме донирале“, рече министерката.

Таа потенцира дека покрај оваа директна поддршка дополнително се обезбедува преку ФЗОМ за лекување на повредените кај кои има многу тешки повреди и лекувањето ќе биде долго.  Потсетувајќи на двете несреќи во Модуларната болница во Тетово и со Дурмо турс, рече дека за разлика од тогаш, за несреќата во Кочани е реагирано брзо, а дека во овие две несреќи не беа обезбедени средства од буџетот.

Со почит,Одделение за односи со јавност

ОВАА НЕДЕЛА

ТРАГЕДИЈА: ЖЕНА ПРОНАЈДЕНА МРТВА НА ГРЧКА ПЛАЖА

Пребарај.. МАКФАКС РЕГИОН Трагедија во Грција: Србинка пронајдена мртва на плажа во...

ВОЛСТРИТ ЖУРНАЛ: НА ИЗРАЕЛ МУ СНЕМУВА ОДБРАНБЕНИ ПРЕСРЕТНУВАЧИ НА РАКЕТИ

Системот „Аrrow“ не е единствената одбранбена мерка што се...

ОСУМ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ЕВАКУИРАНИ ОД ИЗРАЕЛ

Вкупно 28 лица побарале евакуација по воените дејствија. Втората...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ