Таа посочува дека изминати се само шест месеци од промената на политиките што ги спроведува новата Влада.„Инвестициите се основата на нашиот концепт за развој. Веруваме во неговата реализација и во бенефитот што ќе го донесе за сите. Тие се основата за поразвиена економија и посилни и поконкурентни компании, повеќе приходи во буџетот, подобри услуги кои се финансираат од парите на граѓаните – образование, здравство, социјални услуги, инфраструктура и слично.
Тоа ќе значи подобар стандард за граѓаните и повисоки плати и повисоки пензии. Во новата година влегуваме со голема посветеност за остварување и градење општество во кое ќе обезбедиме благосостојба за сите граѓани“, наведува министерката за финансии.