Sunday, May 18, 2025
8.8 C
Skopje

ДИМИТРИЕВСКИ: ЦЕЛ НА ЛАГИТЕ НА СДСМ НЕ СУМ ЈАС, ТУКУ ЗНАМ, КАКО НАЈБРЗОРАСТЕЧКА ПАРТИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

Прес-конференција на Максим Димитриевски, претсдеател на движењето ЗНАМ.
„Од моментот на влез во политиката до крај ќе работам врз база на
основни лични принципи на работа, засновани на начелата за чесност
отчетност и одговорност.

Во континуитет со години, а интензивно од локалните избори до денеска од
страна на поединци, менаџирани и мотивирани од луѓе заглавени до гуша во
криминал, поранешни премиери, министри и актуелни самопрогласени лидери
на опозицијата, јас и тимот околу мене сме напаѓани со неосновани
клевети и лаги за наводни злоупотреби.

Би сакал да ја информирам јавноста и граѓаните дека целта на оваа
кампања на СДСМ не сум лично јас, туку преку мене политичкиот субјект
кој е најбрзорастечка партија во Македонија, а тоа е Движењето ЗНАМ – За
наша Македонија.

За да биде иронијата поголема тоа го прави СДСМ – партијата на
неспособноста, криминалот и националното предавство.

СДСМ нема кредибилитет  да зборува за правда.
Паниката го прави своето.

Еве ја вистината:

1.    Земјиштето за кое што ме обвинуваат е сопственост на моето семејство
кое е наследство од моите предци со турска тапија.

2.    Тогашната парцела изнесувала 18 илјади м2, државата по пат на
денационализација на членовите од моето семејство им вратила само 1200
м2 земјиште и 4800 м2 коишто се платени со државни обврзници по цена од
800 ден/м2,
што значи дека мојата фамилија загубила 12000м2 сопствен имот.

3.    Актуелниот ДУП е донесен во 2010 година, во времето на поранешниот
градоначалник Зоран Дамјановски-ЦИЦ од СДСМ.

4.    Со новиот ДУП постоечката парцела и габарити не се менуваат.

5.    Предметното земјиште за кое сега неосновано ме обвинува СДСМ  е со
вкупна површина од 1200 м2, тоа било во сопственост на членови на моето
семејство и изнесува само 2,8 проценти од вкупната површина на парцелата
во ДУП-от.

6.    Инвеститорот ЛИДЛ МК прави преддоговор за откуп на имотот  од таа
парцела во ДУП -от на 23.02.2024 година и договор за купопродажба на
земјиште од 1200м2 на 26.01.2024 година.

7.    Врз база на тој преддоговор инвеститорот ЛИДЛ МК на 27.02.2024 година
покренува Иницијатива за усогласување на номенклатурата на постоечкиот
ДУП согласно со новиот  закон за урбанистичко планирање од 2020 година
донесен од СДСМ.

8.    Советот на општина Куманово донесе Одлука за усвојување на Нацрт
ДУП-от и постапката е во тек“.

Димитриевски пред медиумите посочи:

„СДСМ веќе не е партија, тоа е остаток на мафија на кои им се тресе
фотељата. Денеска сакам да им порачам  – колку повеќе лажете, толку
посилен ќе биде нашиот одговор. Времето на Заев, Спасовски и Филипче е
завршено. Доаѓа време на одговорност за сите што ја злоупотребија
државата“.

Во однос на ДУИ, тој потенцира: „Ставот на ЗНАМ е конзистентен.

Нема соработка со нереформиран ДУИ. Јас не им должам ништо, ниту на ДУИ,
ниту на СДСМ, ниту пак на нивните тајкуни. Токму затоа им пречам, затоа
што не можат да ме купат, уценат, ниту пак да ме заплашат“.

Димитриевски ги повика институциите да го испитаат овој предмет.

„Ги повикувам сите надлжени институции да го испитаат овој предмет до
крај. Да ја испитаат целата фактичка состојба.

Доколку се утврди било каква кривична одговорност да поднесат кривични
пријави против сите засегнати лица“, рече претседателот на Движењето
ЗНАМ – За наша Македонија на денешната прес конференција.
Центар за комуникации и аналитика

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

И АРБЕН ФЕТАИ ГО НАПУШТИ ТАРАВАРИ: ОВА НЕ Е БОРБА ЗА ПОЕДИНЕЦ, ОВА Е БОРБА ЗА ДОСТОИНСТВО

Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење и висок...

ВИТКОФ: ОЧЕКУВАМ УСПЕШЕН РАЗГОВОР МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН

Главниот преговарач на американскиот претседател Стив Виткоф, кој работи...

ХАЈРЕДИНИ: ГОЛЕМА ГРЕШКА Е ДОКОЛКУ СТАВРЕСКИ ЈА ЗАМЕНИ АКТУЕЛНАТА ГУВЕРНЕРКА БЕЖОВСКА

Премиерот Христијан Мицкоски би направил голема грешка доколку се...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ