ДИМИТРИЕВСКИ : СЕ ОДРЖА ОСНОВАЧКО СОБРАНИЕНА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ДВИЖЕЊЕ ЗНАМ – ЗА НАША МАКЕДОНИЈА

0
402
Денеска во зградата на поранешните општествено-политички организации (Комитет) во Куманово се одржа Основачко Собрание на политичка партија Движење ЗНАМ – За Наша Македонија, а на настанот присуствуваа поддржувачи од цела држава.

За дел од работното Претседателство изберени се проф. д-р. Катерина Тодороска и Емил Јанески, а на предлог на госпоѓа Жанета Делова, Претседателка на Здружението “Тиквешка заедница за напредок и просперитет”, бев избран за Претседател на политичка партија Движење ЗНАМ – За Наша Македонија.

За членови на Извршниот одбор изберени се: Генерал Павле Арсоски, Жанета Делова и Игор Филков.

За членови на Надзорниот одбор изберени се: Ристо Николовски, Марјан Петковски и Урош Милошевски.

Македонија се буди! Време е за промени!
Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Прилеп, Максим Димитриевски.