Димитриевски: Се можам да им простам но лагата дека сум реагирал на македонска песна, никогаш!

0
707

Пратеникот Максим Димитриевски од СДСМ на својот Фејсбук профил во 2:31 по полноќ го објави следниот статус поврзан со инцидентот во кафеана во Куманово:

Пред неполн час излегов од полициска станица, иако очекував цел ден покана да дадам исказ по мојата уредна пријава од сношти за физички напад врз мене и моите гости сепак тоа не се случи. Доброволно побарав да се заведе случајот повторно бидејќи како по обичај се беше забошотено.

– Но битно е МВР излезе со дезинформација во јавноста за немилиот настан дека наводно јас сум напаѓачот, со оваа Чавков потврди дека злосторниците ги претвори во жртви.

Се потврдија моите сомнежи за постапката, се е монтирано и исценирано.

Насилникот е припадник на МВР, видно алкохолизиран со колегите, наоружани направија хаос во ресторанот, предходно имал убава дружба во друга кафеана со началникот на СВР Куманово и со полицаецот кој што го правеше увидот и дозволи без алхотест и задржување да ги ослободи насилниците.

Штом вака ме монтираат мене тогаш можам да замислам што им правите на останатите граѓани.

– Тука немам намера да застанам, како никогаш досега полн со желба за правда и слобода ќе се изборам заедно со Вас почитувани пријатели за ПРАВЕДНА МАКЕДОНИЈА.

На сите Вас кои ме баравте денеска а не стасав да ви одговорам ви се заблагодарувам од срце за подршката, заедно ќе го срушиме корумпираниот режим.

– Би ве замолил да се воздржиме од взаемни препукувања на социјалните мрежи, доволно сме веќе поделени а на лажните спинерски медиуми нека им служи на честа што одамна ја изгубија а некои никогаш не ја стекнаа…

Се можам да им простам но лагата дека сум реагирал на Македонска песна, НИКОГАШ!