ДИМИТРИЕВСКИ : ОПШТИНА КУМАНОВО И МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА ПОТПИШАА ДВА ДОГОВОРИ ЗА НАЦИОНАЛНО КОФИНАНСИРАЊЕ

0
345
Почитувани,
Во општина Куманово, денеска беа потпишани два договори за Национално кофинансирање по програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија. Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски и министерот за локална самоуправа Ристо Пенов потпишаа договор за проектот „Подобрување на туристичкиот потенцијал во Ќустендил и Куманово преку модерна визија за регионите“, а в.д директорот Марио Арангеловски од Фондацијата за култура и спорт на општината и министерот Пенов потпишаа договор за проектот „Соработка во визуелните уметности за промоција на културниот идентитет на регионот“.

Во изјава за медиумите, Димитриевски истакна дека двете општини ќе имаат бенефит во делот на развој на туризмот и зголемување на капацитетите во туристичката понуда на општините.

„Поразговаравме со министерот во однос на соработката помеѓу ресорот којшто тој го води и општина Куманово, јас можам да истакнам дека соработката е на задоволително ниво. Општината има интерес да се унапредува таа соработка со тоа што верувам дека ресорното министерство ќе ги искористи своите позиции да обезбеди поголеми средства во делот особено на регионалниот развој во државата, со аспект дека Куманово се наоѓа во североисточниот плански регион, еден од најзаостанатите или најнеразвиените региони во државата. Верувам дека нашата држава ќе смогне сили да обезбеди средства за соодветен регионален развој со коишто се повеќе од потребни за да се имплементираат сериозни капитални регионални проекти, кадешто директни бенефициенти ќе бидат општините“, рече Димитриевски.

Министерот Пенов информираше дека покрај потпишувањето на овие два значајни проекти во меѓуграничната соработка, во Куманово ќе бидат донесени и три противпожарни возила преку проект со швајцарската влада.

„И покрај овие два значајни проекти во меѓуграничната соработка особено сакам да го истакнам проектот со швајцарската влада за општина Куманово со кое три пожарни возила ќе бидат донесени во Куманово, ќе се реконструира пожарната зграда и ќе се набават 60 модерни опреми за 60 пожарникари, со што ќе го издигнеме нивото на противпожарна заштита во Куманово. Го заокружуваме еден од најважните проекти на Владата во сите региони, во сите општини противпожарните возила целосно се обноват.

Имаме преку бирото за регионален развој многу значаен проект со градоначалникот, на негово барање ќе се имплементираат 49 нови модерни контејнери проект во вредност од 21 милион денари, контејнери за првпат применети овде со кои лицата со попречености ќе ги користат“, истакна Пенов и додаде дека во месец јуни почнува имплементацијата на ИПА 3 проектот кадешто 30 милилни ќе бидат имплементирани, што е шанса и за општина Куманово да аплицира и добие еден добар дел од овие пари и да направи проекти кои ќе бидат од интерес на граѓаните на Куманово.

Со почит,