Во рамки на кампањата „Заедно знаеме повеќе“, Претседателот на Движењето
ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, од Штип го повика Венко
Филипче конечно да излезе пред граѓаните и да одговори на прашањата што
веќе премногу долго висат во воздух.
„Тие продадоа сè што е наше. Тие продаваа државно – на ангро продаваа
државни интереси, и денес ги гледаме како мафтаат со златни визи,
подготвувани уште додека беа на врвот на власта.“ – истакна
Димитриевски, обвинувајќи за однапред подготвено сценарио за бегство,
базирано на нечесно стекнат капитал изнесен надвор од државата.
„Многу добро се знае како се добиваат тие златни визи – со купишта пари
изнесени надвор, пари што не се чесно заработени, туку украдени од
народот.“ – порача Димитриевски
Од тука, претседателот на ЗНАМ, јасно го повика Венко Филипче:
„Филипче мора јавно да каже – што изнел, што однел, чие однел и што
планирал? “
Овој повик од Штип не е само порака – тоа е барање за вистина, за
одговорност и за враќање на моралот во јавниот живот. Движењето ЗНАМ ќе
продолжи со кампањата низ целата држава, будно следејќи ги постапките на
сите кои се огрешиле пред народот.
Време е народот да знае. Време е Македонија да се избори за чесна и
одговорна власт.