
Први Мај организираше пикник во Пелинце. Претседателот на движењето
ЗНАМ, Максим Димитриевски во изјавата за медиумите им го честиташе
празникот на сите граѓани и работници и им посака здравје, успех и
среќа.
Тој рече дека работничката класа е онаа што ја дигнала Македонија
да стане држава. Димитриевски рече дека истовремено сака да испрати
порака до актуелното раководство на СДСМ, при што рече:
„Истите тие коишто дозволија да се отвараат бугарски клубови кои го
содржат името Ванчо Михајлов во текот на нивниот мандат и ја згазија не
само социјалдемократијата, туку и илинденските и асномските левичарски
вредности и принципи, не обвинија дека сме човек партија.
Нивната ароганција е ненадминлива.
Ова раководство на СДСМ, со овој арогантен пристап ја доведе партијата
до историски најслабиот резултат.
Не само што ја навредија ЗНАМ, лично мене, навредија и уште 84 илјади
граѓани кои го дадоа својот глас за движењето ЗНАМ-ЗА наша Македонија.
Ниското ниво на комуникација нема да го прифатиме.
Но, како и да е, ние позитивно продолжуваме понатаму и чест ми е што
денеска токму овде традиционално во Меморијалниот центар Пелинце- АСНОМ,
каде што се удрени темелите на современата македонска држава, гледам
голем број на мои поранешни соборци и сопартијци, коишто ни се
придружија на овој настан во организација на Движење ЗНАМ – За наша
Македонија и нивниот број секојдневно расте.
За разлика од раководството на СДСМ, тие ја прифатија подадената рака.
Нашата цел е да продолжиме да ги обединуваме граѓаните и ние ќе работиме
исклучиво во интерес на Македонија, државните и националните интереси