ДИМИТРИЕВСКИ ОД БИТОЛА ГИ ПОВИКА ГРАЃАНИТЕ ДА СЕ ПРИДРУЖАТ ВО БОРБАТА ЗА МЕНУВАЊЕ НА ВЛАДЕАЧКАТА СТРУКТУРА КОЈА СЕ ОДНАРОДИ И ОД ЧЛЕНСТВОТО НА СДСМ И ОД НАРОДОТ

0
278
Караванот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска по Охрид и
Ресен, беше и во Битола. Претседателот на Движењето ЗНАМ За наша
Македонија, Максим Димитриевски, носителката на листата за кандидати за
пратеници во ИЕ, Весна Бендевска, како и другите кандидати имаа повеќе

средби со граѓаните.

Во изјавата за медиумите во Битола, Димитриевски рече дека ЗНАМ се
формирал како политички субјект заедно со граѓаните и се афирмира како

нова  политичка сила во Македонија.

„Нашата цел е да работиме согласно програмските определби, од граѓаните,
заедно со граѓаните и за  граѓаните“, рече тој и упати  порака до сите

чесни социјалдемократи  дека вратата на ЗНАМ е отворена за нив.

„Ги повикувам заедно да работиме на менување на оваа владеачка структура
којашто се однароди, не само од сопственото членство, туку и од народот.
Истите тие кои се претставуваат дека се наводно потомци на АСНОМ-ци, а
всушност ги избришаа  АСНОМ-ските постулати од Уставот на Македонија“,
потенцира  Димитриевски и ги повика сите да се придружат за да ја водат

оваа борба заедно до крај.

„Да победиме на овие избори и во иднина да бидеме коректив на секоја
власт и на секоја опозиција во државата од позиција на трета политичка
сила, која се вика Движење ЗНАМ – За наша Македонија“, рече тој.
Носителката на листата за Ие 5,  Весна Бендевска потенцира дека ЗНАМ
добива се поголема и помасовна поддршка во очи на парламентарните избори

на осми мај.

„Сега сите знаеме дека сме на вистинската страна“, рече Бендевска и ги
повика граѓаните да го заокружат бројот седум, затоа што Движењето ЗНАМ
знае како заедно со граѓаните да ја подигне Македонија на нозе и да ја
води државата достоинствено и чесно.