Friday, June 13, 2025
15.8 C
Skopje

ДИМИТРИЕВСКИ : НЕ СМЕ СУШТИНСКИ ПОДГОТВЕНИ ДА СЕ СПРАВИМЕ СО ПОЖАРИТЕ, НЕОПХОДНИ СЕ СИСТЕМСКИ РЕШЕНИЈА

– Факт е дека во одреден момент не сме подготвени како држава суштински да се справиме со овие проблеми и затоа ни гори државата. Верувам дека оваа Влада ќе собере сила и ќе набави дополнителна опрема, зашто сигурноста и безбедноста на граѓаните треба да биде приоритет. Веќе разговарав со премиерот на оваа тема и верувам дека во следниот период ќе излезат со решенија, рече вечерва претседателот на Движењето ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски во врска со пожарите во земјава.

Како што истакна Димитриевски во дневникот на ТВ Сител, „срамота е веќе да се бара помош со хеликопетри и друг тип возила од страна, а да не издвоиме сопствени средства за ваква намена“.

Тој и изрази сочувство до семејството на жртвата од пожарот и рече дека дошло до гушење на лицето кое се обидувалео да ја спаси земјоделската механизација.
Вчера, рече Димитриевски, во Куманово имало имало 11 пожари кои биле покриени со 45 пожарникари, а денеска имало седум пожари и сите биле „решени“.

-Според стандардите, треба да имаме околу 100 луѓе, но, за жал, немаме доволно средства. Да не беа денеска тие три „ер тратктори“ и дополнително еден хеликоптер, тешко дека ќе локализиравме пожар на 300 хектари површина. Потребни се системски решенија, системски промени, напомена градоначалникот и лидер на ЗНАМ.Реакцијата што СДСМ ја објави попладнево, дека Владата неспособна да се справи со пожарите, Димитриевски ја оцени како „чиста политика“.

-Суштината е на терен, треба да се доживее тоа што го доживуваат граѓаните. Тие не се криви за состојбата. Плаќаат давачки, а немаат соодветна заштита. Ние сме тука за да ги исправиме работите, но со овој проблем ќе се соочуваме и во иднина зашто климата глобално се менува. Би ги прашал само јавно СДСМ, зошто испотрошија купишта пари до сега, над 70 отсто од Буџетот реални пари, а не собраа сили да пренамент дел од тие пари и да ги поторшат за набавка на опрема, рече Димитриевски и дополни дека кога стапил на функцијата градоначнлинк имало само 25 пожарникари, а сега се 45.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

АЛБАНИЈА ЗАМИНА СО ЕКСПРЕСНИОТ ВОЗ ВО ЕУ, ГИ ОТВОРА СИТЕ ПОГЛАВЈА ВО ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ВО ЈУНИ

Зборувајќи на конференцијата на Центарот за европски студии, Марта...

ИНЦИДЕНТ МЕЃУ ДЕМОНСТРАНТИТЕ И ПОЛИЦИЈАТА НА ВЛЕЗОТ НА СУДОТ ВО НОВИ САД

Пред зградата на судот и обвинителството во Нови Сад...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ