Monday, December 2, 2024
3.8 C
Skopje

ДИМИТРИЕВСКИ : ГЛАСОВИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ МУ ДАВААТ СИЛА И ЛЕГИТИМИТЕТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВАТА ДА И КАЖЕ НЕ НА ИЗВРШНАТА И НА ЗАКОНОДАВНАТА ВЛАСТ

Кандидатот за Претседател на Македонија, Максим Димитриевски, од
Движењето ЗНАМ- За наша Македонија, вечерва се обрати пред граѓаните на
Гостивар.

„Влеговме во еден процес којшто се вика одбрана на државата. За да си ја
одбраниш државата треба првично да имаш храбри  и мотивирани граѓани,
рече Димитриевски и додаде дека – спас ќе има ако се кренеме. Зашто
спасот е во нас самите, да се поткрепиме, да се потпреме еден на друг  и
да тргнеме во една организирана борба. Оваа генерација  на луѓе мора да
го носи тој товар и ние сме тие кои треба да ја преземеме одгворноста.
Нашата борба се вика поубава, подостоинствена Македонија и достоинствен
граѓанин којшто е среќен во неа“, рече Димитриевски.

Тој потенцира дека  може да се направи реална промена, за што пример е
неговото Куманово.

„Се одваживме во Куманово, кога сите не отпишуваа. Се организиравме и на
крајот СДСМ катастрофално изгуби, а ВМРО не победи. Ајде тоа да го
сториме тука во Гостивар, а и во цела Македонија“.
Тој, пред гостиварчани  рече дека треба да се стави крај на
самовластието, енормната корупција и криминалот којшто е на секој чекор.
„Наша цел во Движењето ЗНАМ – За наша Македонија,  првенствено е
Македонија да ја вратиме таму од каде тргнала, на Крушевскиот Манифест,
на АСНОМ-ските повелби кои се згазени. Македонецот никогаш во историјата
не побарал од никого ништо, нити зел нешто што не е негово, а во
континуитет сакаат да му земат. Искрено да ви кажам доволно беше!“ рече
Димитриевски.
Според него Македонија заслужува Претседател кој е од граѓаните и е за
граѓаните.
„Претседател кој ќе го штити интересот на нашата држава, нашите граѓани,
но притоа ќе ја почитува својата етногенеза и историја. Јас го нудам тоа
со мојата програма „Манифест за Македонија“. Во неа се наброени
најнеопходните активности  што треба да се направат за да се надминат
генерираните проблеми со конкретни рокови. Тука, во Гостивар ќе истакнам
само еден од приоритетите. За мене како иден Претседател на Македонија е
неприфатлива смена на Уставот во делот на изборот на Претседателот  во
парламентот. Затоа што тој ја црпи својата сила од гласовите кои ги
добива на непосредни избори од граѓаните.

Тоа му дава легитимитет да

каже не и на извршната и на законодавната власт“, потенцира тој.
Димитриевски ги повика гостиварчани масовно да излезат на  24 април,
затоа што од овие избори зависи  која насока ќе  ја избере Македонија.

Дали ќе продолжи да биде приватна држава на поединци или ќе биде реална
граѓанска држава во која еднакави права ќе имаат сите граѓани.
Денеска кандидатот за Претседател на Македонија, Максим Димитриевски
имаше средби со граѓани на повеќе локации во Скопје.

ОВАА НЕДЕЛА

ВАНДАЛИЗМОТ НЕМА ЕТНИЧКА ПРИПАДНОСТ

Почитувањето на националните симболи е од суштинско значење за...

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА 83-ГОДИШЕН СТРУЖАНЕЦ, КОЈ СО ПУШКА ГО УБИЛ КУЧЕТО НА СВОЈОТ СОСЕД

Фото : Илустрација ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.М.(83)...

МУЦУНСКИ : НОВАТА ВЛАДА Е СИЛНО ФОКУСИРАНА НА ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ И СПРОВЕДУВАЊЕТО НА РЕФОРМИ

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, денеска имаше обраќање...

ЈАНЕВСКА : УЧК И НЕЈЗИНИТЕ СИМБОЛИ ЗА ОВАА ДРЖАВА НЕ ЗНАЧАТ НИШТО

Испраќањето инспекција во училиштето во тетовското село Челопек е...

ПУКАЊЕ ВО ЧАИР, ИМА ПОВРЕДЕНИ

Попладнево има пукање во близина на Стадион Чаир, имало...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ