ДИМИТРИЕВСКИ : ВО 2016 ГОДИНА СЕ ЗАЛАГАВМЕ ЗА ДЕПАРТИЗАЦИЈА НА ДРЖАВАТА, А ДЕНЕСКА ЖИВЕЕМЕ ВО ЗАРОБЕНА ДРАВА СО ДВОЈНА ПАРТИЗАЦИЈА

0
265

Градоначалникот на Општина Куманово и лидер на новата политичка партија Движење ЗНАМ, Максим Димитриевски вчеравечер во емисијата „Click Plus“ рече дека сега живееме во заробена држава со двојна партизација иако во 2016 година се залагале за департизација на државата. 

 „Во 2016 година под слоганот Нема правда, нема мир се залагавме за департизација на државниот апарат. Вие имате денеска двојна партизација. Излегува министер за внатрешни работи и вели двојно е зголемена бројката на вработени во МВР. Ајде да го видиме списокот на лицата кои се вработени, како се вработени колку тоа безбедноста во Македонија е зголемена. Па гледаме дека се убиваат луѓе на улица, се пука во молови, секојдневно имате одредени безбедносни проблеми во државата, ви влегуваат групи насилници во М-НАВ без разлика дали се тие партиски или не се. Во сериозни држави таквите акти се третираат како терористички акт. Кај нас дури не се определува ни притвор. Тоа е така бидејќи политичкото влијание е премногу големо во институциите на системот, и во обвинителство и во судската власт, истакнува Димитриевски.  

Според него, клучен проблем е и партизацијата на правосудниот систем во државата, каде искусните професионалци место сериозно да се борат во сузбивање на корупцијата, работат на предмети за вршење притисок врз неистомислениците на власта.

 „Имате голем број на искусни оперативци во системот коишто  можат сериозно да се борат против корупцијата, но тие водат постапки за Максим, за друг или трет по Член 353 и секојдневно ги трошат своите ресурси. Зошто? За да на тој начин извршат политички притисок врз неистомислениците. Празни предмети ги процесуираат до обвинителство и сето тоа е координирано на релации орган за давање на асистенција во истрагата МВР, обвинител којшто е дојден по партиска цел да штити интереси на поединци, а не на државата и на крај може многу лесно да заврши предмет кај партиски војник во судството и да ве осудат без било каков доказ. Тоа се случува, вели Димитриевски укажувајќи го како пример предметот Сопот, вели Димитриевски. 

Тој ги поздрави и критиките од меѓународната заедница осврнувајќи се на последната критика упатена од холандскиот амбасадор, но вели дека власта ништо не прави по тие прашања. 

 „Јас ја почитувам нивната работа која е исклучително позитивна, а и тие и сакаат добро на оваа држава, но првенствено ние добивме во изминатиот период многу такви пораки од меѓународната заедница, но за жал кај нас ништо не се случи. Имате примери кога ви ставаат луѓе на црни листи, а наше официјално обвинителство се уште не се обраќа до нив да ги добијат документите зошто тие луѓе се на црна листа. Дали некој стапил во контакт со претставниците на амбасадите? До сега никому ништо, барем до сега никој не се произнесе во јавност со такви информации, прашува тој.