Monday, April 28, 2025
10.8 C
Skopje

ДИК усвои еден приговор од Беса – Ќе се прегласува на едно избирачко место во ИЕ 6

Државната изборна комисија попладнево ја продолжи седницата за разгледување на приговорите со расправа по поднесокот од Коалицијата предводена од СДСМ за гласањето во избирачкото место 2016 во Теарце.

По првичната расправа мнозинството членови на ДИК одлучија да се пристапи кон увид во целокупниот избирачки материјал за ова избирачко место.

При разгледувањето на овој приговор  по барање на ДИК денеска на седницата присуствуваа сите членови на Избирачкиот одбор од избирачкото место 2016 со цел да го потврдат избирачкиот записник.

Во меѓувреме, со шест гласа „за“ и три против ДИК го усвои приговорот од движењето Беса, кој се однесува на постапката на гласање за избирачко место 0396/1 во Гостивар, за кој беше побарано графолошко вештачење на потписот на еден гласач за кој се утврдило дека има обид за гласање по вторпат.  Одлуката е донесена откако до ДИК денеска беше приложен извештај од графологот, според кој утврдено е дека некој друг гласал во име на посочениот гласач и се потпишал во изводот од Избирачкиот список.

Досега, ДИК одби четири приговори поднесени од Коалицијата предводена од СДСМ и седум приговори од движењето Беса. На денешната седницата ДИК го одби приговорот од Коалицијата предводена од СДСМ за гласањето во избирачкото место 1978 во Тетово.

Пред просториите на Државната изборна комисија и денеска се собрани граѓани кои протестираат за, како што посочуваат, да спречат да биде одземена волјата на мнозинството гласачи.

ОВАА НЕДЕЛА

ДРАМСКИ ТЕАТАР НЕ ЈА ДОДЕЛИ НАГРАДАТА „ГОРАН СТЕФАНОВСКИ“, ЌЕ СЕ ОБЈАВИ НОВ КОНКУРС

Драмски театар Скопје не ја додели наградата „Горан Стефановски“...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ