Саше Ивановски – Политико, сопственик на порталот Мактел и жесток критичар на власта, вечерва бил нападнат во влезот од неговата зграда, дознава Либертас. Според информациите, нападот го извршиле две лица со шипки.
Ивановски одел кон влезот од зградата, кога двајцата кои носеле качулки на главата, го нападнале со метални шипки. Неколку пати го удриле по главата, а тој се бранел користејќи ја чантата која ја носел со себе, по што почнал да бега.
По нападот Ивановски е пренесен во Градска болница со Брза помош.