Пред малку пред зградата во близина на училиштето Песталоци во центарот на Скопје, претпан бил сопственикот на порталот Доказ.мк, Марјан Стаменковски.
Тој тврди дека петмина непознати со шипки во раце, пред малку го пречекале на влезот од зградата во која живее и крвнички го тепале. Сега, како што изјави за Либертас, чека возило на итна помош да го однесе во болница.
Ова е втор напад врз Стаменкоски, кој пред неколку месеци тој беше нападнат, исто пред влезот на неговиот дом, тогаш во населбата Аеродром. Порталот е критички настроен кон владеачката ВМРО ДПМНЕ.